Цвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилата

Цвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилата

Многу девојки би се согласиле дека цвеќето е еден од нивните најомилени подароци, израз на љубов, романтика и нежност. Знаеме дека секој цвет носи порака, па искусните се секогаш внимателни во изборот. Но, некои цвеќиња, покрај убавината и прекрасниот мирис, имаат и дополнителни својства кои можат да ви го зачинат љубовниот живот.

Познато е дека самиот назив „афродизијак“ потекнува од митолошката божица на љубовта и сексуалноста – Афродита и ден-денес на многу супстанци, мириси, зачини и јадења им се припишуваат својства кои ги будат сетилата и го јакнат либидото.

Цвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилата

1. Лаванда

Дефинитивно една од најупотребуваните ароми, почнувајќи од прашоци за перење и омекнувачи до средства за освежување простор и чистење. Лавандата шири релаксирачки мирис и е позната по своите приспивни својства. Кој би рекол дека истовремено за мажите претставувала моќен афродизијак? Истражувањата покажуваат дека нејзиното дејство е меѓу најсилните кога станува збор за цвеќиња, а сето тоа се должи на опуштеното чувство кое го предизвикува.

Во ароматерапијата, есенцијалното масло од лаванда се користи како моќно средство за намалување на стрес, нервоза, тензија, па дури и некои психолошки нарушувања. Стресот може сериозно да го наруши здравиот сексуален живот, па тука лавандата игра клучна улога –го подига расположението, самодовербата и желбата за љубов и нежност. Она што е најважно, иако има релаксирачки својства за умот и телото, за разлика од други супстанци, нема да се почувствувате ниту летаргични ниту малаксани од нејзиното дејство.

Цвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилата

2. Камилица

Слично како и лавандата, камилицата има моќно смирувачко дејство, а особено е корисна за олеснување на стомачни болки, несоница, стрес, па дури и депресија. За сите оние кои минуваат низ периоди на ниска самодоверба, осаменост, анксиозност, камилицата и тоа како придонесува во процесот на опоравување.

Освен сите овие позитивни страни, камилицата е позната и како одличен афродизијак, најмногу поради тоа што ви помага да се ослободите од стресот, да ги избркате лошите мисли и да уживате во интимните моменти со драгата личност.

Цвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилата

3. Орхидеја

Навистина преубаво и романтично цвеќе, а особено популарно за денот на вљубените. Всушност, постои и вид орхидеја од која се добиваат зрна ванила – еден од најпопуларните и најобожуваните мириси во светот познат како моќен афродизијак.

Цвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилата

4. Гуарана

Можеби изгледа чудно, но гуараната има својства на кои другите цветови би завиделе. Често употребувана во енергетски пијалаци, гуараната ја подига енергијата, силата и ја поттикнува сексуалната желба. Се смета дека ги поттикнува сексуалните хормони кај мажите и жените и дефинитивно има позитивни ефекти на расположението.

Цвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилата

5. Пасифлора

Ова е цвеќе кое дефинитивно си го има заслужено името, па така Passiflora incarnata или Цвеќе на страста има навистина моќни својства почнувајќи од лекување депресија, намалување на болка и секако како одличен афродизијак. Позната е и како Маракуја, а нејзините позитивни дејства се познати и користени низ историјата во традиционалните лекови на многу народи, но и потврдени во бројни истражувања.

Цвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилата

6. Афион

Со својата прекрасна портокалова боја и специфичниот мирис, афионот е цвеќе чии својства се многу добро познати ширум светот. Често употребувана состојка во фармацијата поради опијатските состојки, но и во кулинарството, зрната од афион се користат во многу светски кујни. Самиот мирис, како и зрната предизвикуваат чувство на релаксираност, но и еуфорија, па затоа се верува дека е и афродизијак.

Цвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилата


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар