Цитати за волја и охрабрување: Мудрости што ќе ви помогнат да си го пронајдете патот

Цитати за волја и охрабрување: Мудрости што ќе ви помогнат да си го пронајдете патот

На сите луѓе им се случува да изгубат волја и мотивација. Можеби се чудите како пред една недела сте имале сила и желба да учите нови работи и да се гледате со вашите блиски, а моментално не ви е дојдено до ништо. Тоа е сосема нормално, доколку трае одредено време. Но, ако забележите дека веќе подолг период сте нерасположени, треба да преземете нешто. Следниве мудри цитати ќе ви помогнат да се охрабрите и да се вратите на вистинскиот пат…

Цитати за волја и охрабрување: Мудрости што ќе ви помогнат да си го пронајдете патот

„Верувајте му на вашиот инстинкт. Кога нешто однатре ве боцка, обрнете внимание. Вашето тело и вашата потсвест знаат подобро од вас дали е нешто правилно или погрешно.“

„Сфатете го животот како видеоигра: Кога ќе се промени нивото, мора да се прилагодите.“

„Набљудувајте, слушајте, забележувајте. Од писма до разговори, од тоа како другите се однесуваат до тоа како јадат. Најважните информации се кријат во деталите.“

„Новата, поширока перспектива најчесто доаѓа тогаш кога немате проблем. Градот најдобро се гледа од планината, а не од центарот.“

„Во повеќето случаи, луѓето не се обидуваат да ве повредат намерно. Најчесто нивните дела се поттикнати од нивните лични интереси, а не злоба.“

„Најдобрите врски и односи се како добро вино: Стануваат сѐ подобри како што изминува времето.“

„Мора да имате причина за живот. Ако вашето ЗОШТО е доволно силно, тогаш вашето КАКО ќе се појави на вистинското место. Така секогаш ќе наоѓате начин.“

„Ако се прашувате зошто е важно да го правите она што го сакате, тоа е така затоа што работата одзема голем дел од нашите животи. Нашите најпродуктивни часови ќе бидат потрошени на работа. За да го сакате вашиот живот, мора да го сакате она што го правите за пари.“

„Првиот впечаток е важен, но репутација се гради цел живот.“

„Нема вистински да запознаете некого додека не видите како реагира во различни и тешки ситуации. Истото важи и за тоа кога се запознавате самите себе.“

Цитати за волја и охрабрување: Мудрости што ќе ви помогнат да си го пронајдете патот

„Не е лесно да се развиваат разни вештини. Потребно е многу труд, време и повторно труд.

„Работете напорно, но секогаш наоѓајте време за игра.“

„Способноста да ги убедите луѓето и талентот да раскажете добра приказна ќе ве одведат подалеку од кој било друг избор или вештина што можете да ја развиете.“

„Ограничете ги материјалните работи. Колку повеќе предмети поседувате, толку повеќе предметите ќе ве поседуваат вас.“

„Патувањата можат да направат да ни делува дека животот трае подолго. Секое искуство на непознато место се чини многу поинтересно и подобро се памти од искуството на место што ни е познато.“

„Стравот е сѐ. Тајмингот е сето останато.“

„Развијте детектор за глупости. Тоа е најкорисната технологија во која треба да инвестирате.“

„Никогаш нема да ја имате совршената информација пред да донесете главна одлука.“

„Самодовербата доаѓа по акумулацијата на успехот. Ќе ви треба самодоверба за да го направите сето она што е важно во животот, па затоа почнете да собирате мали успеси и потврди што е можно порано.“

„Постои едно правило 80/20 кои вели дека околу 80% од последиците се јавуваат на 20% од причините и ова може да се примени во буквално секоја област во животот.“

Прочитајте ги и следниве 10 цитати кои ќе ја зајакнат вашата мотивација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар