Цитати за сите апсолвенти кои ќе ве потсетат дека можете да го промените светот

Цитати за сите апсолвенти кои ќе ве потсетат дека можете да го промените светот

Завршувањето на факултетот е сентиментален период од животот, бидејќи со тоа завршувате едно поглавје од вашата животна книга и веднаш сте принудени да започнете ново. Овие цитати опфаќаат најразлични теми меѓу кои и силата на вистинските пријателства, моќта на добрината и убавината на човештвото. Успехот е важен сегмент од животот на еден поединец, но не е неговата основа. Ако не му помагате на светот и ако немате пријатели за да го споделите со нив, успехот може да стане доста безначаен. Дозволете им на емоциите да ве преплават пред да тргнете кон вашата возбудлива и светла иднина.

Цитати за сите апсолвенти кои ќе ве потсетат дека можете да го промените светот

„Само немојте да се откажете од она што навистина сакате да го правите.“ – Ела Фицџералд

„Остварете ги сите ваши амбиции, патувајте, збогатете се, станете популарни, создавајте, предводете, заљубете се, победувајте и губете… Но додека го правите сè тоа, колку што можете повеќе насочете се во правецот на добрината.“ – Џорџ Сандерс

„Пријателството е непотребно, исто како и филозофијата, уметноста… Тоа нема значење за опстанокот. Но, тоа е едно од оние работи кои му даваат значење на опстанокот.“ – К. С. Луис

„Како знаете дека правите нешто како што треба? Како го знаете тоа? Така чувствувате. Она што го знам сега е дека чувствата се вашиот систем за навигација во животот. Кога треба да направите нешто или кога не треба да направите нешто, вашиот емоционален систем ви го дава тоа на знаење. Трикот е во тоа е да научите да го оставате вашето его пред врата и да почнете да обрнувате внимание на вашата храброст.“ – Опра Винфри

„Бидете она што сте и кажувајте го тоа што го чувствувате, затоа што оние на кои им пречи тоа не се важни, а на оние кои се важни не им пречи тоа.“ – Доктор Сус

Цитати за сите апсолвенти кои ќе ве потсетат дека можете да го промените светот

„Бидете храбри, бидете бестрашни, бидете најдобрата верзија од себеси.“ – Габриел Гифордс

„Вашето време е ограничено и затоа не трошете го на тоа да живеете нечиј туѓ живот. Не дозволувајте звукот на туѓите мислења да го потопат вашиот внатрешен глас. И што е најважно, соберете храброст да го следите вашето срце и интуиција.“ – Стив Џобс

„Мерката за пријателството не се состои од бројот на темите за кои пријателите можат да разговараат, туку од бројот на работите кои тие нема потреба повеќе да ги спомнуваат.“ – Клифтон Фадимен

„А сега одете, направете интересни грешки, направете неверојатни грешки, направете прекрасни и фантастични грешки. Кршете ги правилата. Направете светот да биде поинтересен затоа што вие сте дел од него. Создадете добра уметност.“ – Нил Гејмен

„Можеби нема секогаш да имате удобен живот и нема секогаш да бидете способни да ги решите сите проблеми во светот одеднаш, но никогаш не го потценувајте значењето што може да го имате, затоа што историјата ни покажала дека храброста може да биде заразна, а надежта може да си добие сопствена животна форма.“ – Мишел Обама


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар