Цитати за недостасувањето кои можат да ги разберат само оние кои копнеат по нечие присуство

Цитати за недостасувањето кои можат да ги разберат само оние кои копнеат по нечие присуство

Доколку и вам ви недостасува некоја личност, која поради одредена причина не може или не сака да биде покрај вас, тогаш без сомнение овие 35 цитати ќе ве погодат директно во срцето, правејќи тие да ви недостасуваат уште повеќе…

Цитати за недостасување кои можат да ги разберат само оние кои копнеат по нечие присуство

„Сакам да напишам ‘Ми недостасуваш’ на камен и да ти го фрлам во лицето за да знаеш колку боли што ми недостасуваш.“ – Непознат автор

Ми недостасуваш само кога дишам.“ – Џејсон Деруло

„За ништо не ме бива, дури ни во обидот да те заборавам.“ – Непознат автор

„Што е спротивното од две? Осамен јас, осамена ти.“ – Ричард Вилбур

„Ти си отиде и сега моето срце е незапирлива проповед за осаменоста.“ – Џеси Тајлер

„Понекогаш, кога една личност ја нема, целиот свет изгледа раселен.“ – Ламартин

„Ниту илјадници зборови не би можеле да те вратат назад… Го знам ова затоа што се обидов. Не успеав ни со илјадници солзи… Го знам ова затоа што плачев. Ти зад себе остави и скршено срце, но и среќни сеќавања… Но, јас никогаш не сакав сеќавања… Сè што сакав беше ти.“ – Непознат автор

„Тишината не беше лоша сè додека не погледнав во моите раце и не се почувствував тажно бидејќи во празниот простор помеѓу моите прсти твоите совршено се вклопуваа.“ – Непознат автор

2-citati-za-nedostasuvanje-koi-mozhat-da-gi-razberat-samo-onie-koi-kopneat-po-nechie-prisustvo-www.kafepauza.mk_

„Кога некој ви недостасува, времето изгледа како да се движи побавно, а кога се заљубувате во некого, времето изгледа како да се движи побрзо.“ – Тејлор Свифт

„Знаев дека навраќањето на солзите ќе ме насмее, но никогаш не знаев дека навраќањето на насмевките ќе ме доведе до солзи.“ – Непознат автор

„Кога ти праќам пораки, тоа значи дека МИ НЕДОСТАСУВАШ. Кога не го правам тоа, значи дека ЧЕКАМ за да ти недостасувам. Ех, да знаеше…“ – Непознат автор

„Се преправам дека те игнорирам, но вистината е дека ми недостасуваш.“ – Непознат автор

„Недостасувањето не зависи од тоа колку долго поминало откако сте се виделе или сте зборувале… Тоа доаѓа во оној момент кога правите нешто и посакувате тие да беа тука покрај вас.“ – Непознат автор

„Сè што можам да направам секој пат кога ми недостасуваш е да зјапам во фотографиите од тебе и да се насмевнувам.“ – Непознат автор

„Велат дека времето ги исцелува сите рани, но мене досега ми даде само повеќе време да размислувам за тоа колку многу ми недостасуваш.“ – Непознат автор

„Ми недостасуваш. Можеби не секогаш го покажувам тоа, можеби не секогаш им кажувам на луѓето, но во себе ми недостасуваш лудо.“ – Непознат автор

„Ми недостасуваш повеќе одошто на небото навечер му недостасува сонцето.“ – Непознат автор

4-citati-za-nedostasuvanje-koi-mozhat-da-gi-razberat-samo-onie-koi-kopneat-po-nechie-prisustvo-www.kafepauza.mk_

„Смачено ми е да го проверувам мобилниот и да не го гледам твоето име…“ – Непознат автор

„Чудно е како постојано размислувам дека ќе се вратиш од болница и дека ќе дотрчаш до мене, велејќи ми дека ме сакаш, но потоа сè тоа исчезнува кога ќе се потсетам дека сега си на подобро место… Засекогаш… Ми недостасуваш многу…“ – Непознат автор

„Ме научи како да љубам, но не ме научи како да престанам.“ – Непознат автор

„Очите ме болат од плачење, срцето ме боли од обидување. Изгледам толку уморно и истрошено бидејќи од внатре умирам. Ми недостасуваш, ми требаш, но подобро ми е без тебе. Деновите ќе треба да се развлечат уште малку, но со тек на време ќе престанам да мислам на тебе. Посакувам да знаев. Се чувствувам скршено и непосакувано, како да ти беше лесно да ме оставиш. Ти верував за сè, дозволив да се покажат моите чувства. Еден ден се надевам дека ќе можам да се навратам на ова и да речам дека бев силен. Но, сега знам дека не сум…“ – Махмуд Ел Халаб

„Недостасувањето боли, но она што боли уште повеќе е знаењето дека вие сте причината поради која тие си отишле.“ – Непознат автор

„Постојано си велам дека не ми недостасуваш и дека не те сакам, со надеж дека еден ден ќе поверувам во тоа.“ – Непознат автор

„Не сум лута затоа што не се врати, туку сум тажна затоа што цело време се надевав дека ќе го направиш тоа.“ – Непознат автор

„Отсуството на љубената личност е полошо од смртта и ја разорува надежта полошо и од очајот.“ – Вилија Каупер

„Умирам секој ден, секоја секунда без тебе.“ – Непознат автор

3-citati-za-nedostasuvanje-koi-mozhat-da-gi-razberat-samo-onie-koi-kopneat-po-nechie-prisustvo-www.kafepauza.mk_

„Ми недостасуваш. Малку премногу, малку пречесто и малку повеќе секој ден.“ – Непознат автор

„Како е можно секогаш кога некој ви недостасува толку многу што вашето срце е подготвено да се распадне, да ја чуете најтажната песна на радио?“ – Авантуристите или Пит и Пит

„Без разлика колку време поминало, постојат моменти кога одеднаш станува потешко да се дише.“ – Непознат автор

„Доколку имав по едно цвеќе секој пат кога помислував на тебе, би можела да шетам низ мојата градина засекогаш.“ – Клаудија Адриен Гранди

„Секое разделување е еден вид смрт, како што секое спојување е еден вид рај.“ – Трајон Едвардс

„Токму осаменоста го прави најсилниот звук. Ова важи и за луѓето, но и за кучињата.“ – Ерик Хофер

„Денес ми се случија 3 нешта – ми недостасуваше, ми недостасуваше и ми недостасуваше.“ – Непознат автор

„Причината поради која разделбата толку боли е тоа што нашите души се поврзани.“ – Непознат автор


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар