Цитати за храброста кои ќе ви вдахнат сила да се изборите со потешкотиите

Цитати за храброста кои ќе ви вдахнат сила да се изборите со потешкотиите

Автор: Магдалена Арнаудова

Храброста претставува еден вид сила, моќ или решителност да се соочиме со големите предизвици коишто се исправуваат пред нас. Секогаш кога се соочуваме со потешкотии, застрашувачки или болни времиња, потребна е храброст за да го пребродиме тоа. Во такви тешки времиња, она што ни останува е да собереме храброст и да не дозволиме да нѐ порази нашиот страв. Храброста не значи отсуство на страв, туку одење напред и покрај стравот. Зашто, ако не постои страв, тогаш не е потребна ни храброста.

1-citati-za-hrabrosta-koi-kje-vi-vdahnat-sila-da-se-izborite-so-poteshkotiite-kafepauza.mk

Во продолжение проследете ги неколкуте цитати коишто на некој начин ќе успеат да ви вметнат барем малку храброст.

„Храброста не е недостиг од страв, туку свесност дека нешто друго е поважно од стравот.“ – Амброус Редмун

„Имај доволно храброст за да веруваш во љубовта уште еднаш и секогаш уште еднаш.“ – Маја Ангелоу

„Она што ги разликува победниците од губитниците е начинот на кој реагираат на секој нов пресврт на судбината.“ – Доналд Трамп

2-citati-za-hrabrosta-koi-kje-vi-vdahnat-sila-da-se-izborite-so-poteshkotiite-kafepauza.mk

„Храброста значи одење од неуспех во неуспех, без губење на ентузијазмот.“ – Винстон Черчил

„Храброста не секогаш грми. Понекогаш таа е тивкиот глас на крајот на денот, којшто вели ‘утре ќе се обидам повторно’.“ – Мери Ен Радмахер

„Имај храброст да живееш, секој може да умре.“ – Роберт Коди

3-citati-za-hrabrosta-koi-kje-vi-vdahnat-sila-da-se-izborite-so-poteshkotiite-kafepauza.mk

„Животот станува вистински само кога ќе почнеме да се соочуваме и да ги решаваме нашите проблеми. Дотогаш, ние само пливаме во кругови, во голем измислен свет, којшто има тенденција да нѐ прави уморни од живеењето. Не трошете ја енергијата! Соочете се со животот СЕГА!“ – Непознат автор

За крај, запаметете дека преминувањето преку стравовите е вештина којашто секој може да ја научи!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар