Цитати за егото кои ќе ве инспирираат да станете посвесни за себе
Дали некогаш сте размислувале за вашето однесување, и сте помислиле: „Зошто по ѓаволите го направив тоа?“ Можеби сте имале расправија со некој близок или пак, сте избувнале без причина. Можеби сте реагирале поради некоја несигурност или пак сте биле премногу строги кон себе.
Причината за ова однесување е тоа што сите го имаме, но ќе ни биде подобро ако ја намалиме неговата количина: Егото.
На запад терминот его обично се однесува на сликата која ја имате за себе. Во источната филозофија егото го означува чувството на јас, кое всушност е карма која е дел од нас како индивидуи. Без разлика како го дефинираме егото, сите имаме почувствувано дека понекогаш ни пречи. Многумина би се согласиле дека ако го намалиме нашето его ќе имаме подобри врски, подобро ќе се однесуваме и ќе имаме поздрава слика за нас.
Но, во општество каде што се вреднуваат успесите и наградите, каде што владеат социјалните мрежи, може да биде навистина тешко да се ослободите од егото. Поради ова важно е да размислите во кои ситуации егото ви прави лошо и да станете посвесни за себе. Овие цитати ќе ве инспирираат да го направите токму тоа.
„Егото не е господар во својата куќа“ – Зигмунд Фројд
„Егото е социјална фикција за која во одреден момент само една личност ја добива целата вина.“ – Роберт Антон Вилсон
„Дел од мене мисли дека сум губитник. Другиот дел мисли дека сум Бог.“ – Џон Ленон
„Нема ништо што го јакне егото повеќе од тоа да бидете во право!“ – Екарт Тол
„Егото е најголемиот непријател на вашата душа“ – Расти Ерик
„Секогаш кога сте неодлучни дали да го направите вистинскиот избор, или пак изборот кој изгледа вистински, егото е она кое не ви дозволува да се одлучите.“ – Дерен Џонсон
„Инстинктот што нè влече кон уметноста е импулсот за созревање, учење и проширување на свеста. Егото го мрази ова, бидејќи колку сме посвесни, толку помалку тоа ни е потребно.“ – Стивен Пресфилд
„Љубовта е среќна кога може да даде нешто. Егото е среќно кога може да земе нешто.“ – Ошо
„Кога некој нема его, тој се ослободува од сите судења и го гледа светот со божествени очи и ум. Ништо не го навредува и тој секогаш е смирен.“ – Муџи
„Духовноста ни помага да престанеме да се идентификуваме со егото и да почнеме да се идентификуваме со нашата душа. Истото го прави и староста. Природно ги буди луѓето.“ – Рам Дас
„Кога ќе се изгуби егото, ќе се изгубат и границите. Вие ќе станете бескрајни, добри, убави.“ – Харбаџан Син Јоги
„Сè што треба да знаете и да набљудувате кај вас е ова: Секогаш кога се чувствувате супериорно или инфериорно во однос на некого, тоа е вашето его.“ – Екарт Тол
„Ако научете да се шегувате на своја сметка, вашето его ќе исчезне.“ – Нирмала Сривастава
„Вашето его е страстен толкувач. Тоа брзо ќе ги толкува настаните како лоши, добри или правилни. Секогаш ја гледа малата слика.“ – Роберт Холден
„Одлуката сегашниот момент да го направите ваш пријател е крајот на вашето его.“ – Екарт Тол
„Егото е изворот на сите грешки и мизерии.“ – Томас Карлајл
Погледнете и што се случува со личноста чие его преовладува.