Цитати за една од најголемите човекови доблести - простувањето

Цитати за една од најголемите човекови доблести – простувањето

Кога некој за којшто се грижиме ќе нѐ повреди, може да чувствуваме бес, лутина и желба за одмазда, или пак едноставно да простиме и да продолжиме понатаму. Не постои човек којшто не бил повреден од зборовите или делата на неговите најблиски. Но, доколку не практикуваме простување, тогаш ние би биле оние коишто би биле најповредени. Всушност, простувањето е одлука којашто може да ни помогне да се фокусираме на други, попозитивни апекти од нашиот живот.

Низ следиве цитати потрудете се да ја сфатите важноста на простувањето и колку е тоа значајно за да имате посреќен и поисполнет живот.

„Простувањето не е секогаш лесно. Понекогаш да се прости на оној којшто ни предизвикал болка е многу поболно од раната којашто притоа ни ја нанел. А сепак, не постои мир без простување.“ – Мериен Вилијамсон

„Простувањето е конечната форма на љубовта.“ – Рајнхолд Нибур

„Мора да го развиваме и да го одржуваме капацитетот за простување. Оној којшто е лишен од моќта да простува е лишен и од моќта на љубовта. Постои нешто добро во најлошиот дел од нас и нешто злобно во најдобриот дел од нас. Кога ќе го откриеме ова, ќе бидеме помалку склони да ги мразиме нашите непријатели.“ – Мартин Лутер Кинг Џуниор

„Да простиш значи да го ослободиш затвореникот, а притоа да откриеш дека тој затвореник си бил ти.“ – Луис Б. Смедс

„Човекот којшто простува е многу посилен од човекот којшто се бори.“ – Натан Кроал

„Простувањето е давање, а исто така и земање од животот.“ – Џорџ МекДоналд

„Никогаш не ги заборавајте трите моќни ресурси што секогаш ви се достапни: љубов, молба и простување.“ – Х. Џексон Браун

„Простувањето е од суштинско значење за нашиот живот. Без него ниту еден брак не може да преживее, ниту едно семејство не може да остане заедно и ниту едно општество не може да опстане.“ – Адам Хамилтон

„Запамети: простувањето не е чувство, тоа е свесен избор.“ – Пол Кендал


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар