Цитати што ќе ви докажат дека ниту една врска не може да опстане доколку не се заснова на доверба

Цитати што ќе ви докажат дека ниту една врска не може да опстане доколку не се заснова на доверба

Секоја врска во животот треба да се гради врз основа на доверба. Без разлика дали станува збор за семејна, пријателска, љубовна или професионална врска, довербата е најважна за нејзиниот опстанок. Мора да имате доверба во луѓето за да можете да бидете среќни и исполнети. Сигурно сте се запрашале дали треба уште веднаш да верувате некому или да останете воздржани додека вашата доверба не биде заслужена. Тоа е нормално со оглед на фактот што луѓето честопати ја злоупотребуваат довербата. Сосема е возможно да бидете повредени и предадени и да решите дека никогаш повеќе нема да се отворите така лесно и наивно.

Цитати што ќе ви докажат дека ниту една врска не може да опстане доколку не се заснова на доверба

Меѓутоа, доколку одлучите да не верувате никому, ќе си ја уништите можноста да остварите многу значајни и квалитетни врски што би можеле да ви помогнат и да ви го направат животот поубав. Доколку сте почнале да губите верба во луѓето, прочитајте ги следниве цитати што ќе ви докажат дека ниту една врска не може да опстане без меѓусебна доверба…

„Без разлика дали се работи за пријателство или за љубов, сите врски се градат врз основа на доверба. Без неа, немате ништо.“ – Непознат автор

„Ако не постои доверба, прашање на време е кога врската ќе се распадне.“ – Непознат автор

„Во љубовните врски довербата е поважна од љубовта. Таа ја засилува љубовта.“ – Непознат автор

„’Ти верувам’ е многу подобро од ’Те сакам’, затоа што можеби нема секогаш да ѝ верувате на личноста која ја сакате, но секогаш ќе ја сакате личноста на која ѝ верувате.“ – Непознат автор

„Најголем доказ за љубовта е довербата.“ – Непознат автор

„Кога безрезервно ќе му верувате на некој човек, без никаков сомнеж, можно е да добиете две работи: Или најдобар пријател или животна лекција.“ – Непознат автор

„Луѓето се највредното нешто што го имам. Вербата во овие супериорни суштества, довербата, кредибилитетот и делата се нештата што ме имаат однесено до врвот.“ – Дон Кинг

„Големите луѓе имаат големи вредности и голема етика.“ – Џефри Гитомер

„Пријателството се гради врз основа на две нешта: Почит и доверба. Мора да бидат присутни и двата елемента и мора да бидат подеднакво возвратени. Можете да имате почит кон некого, но ако немате доверба, пријателството ќе се распадне.“ – Непознат автор

„Мудроста може да се најде само во довербата.“ – Јохан Волфганг вон Гете

Цитати што ќе ви докажат дека ниту една врска не може да опстане доколку не се заснова на доверба

„Многу е важно да бидете опкружени со луѓе на кои им верувате и кои можат да ви дадат искрени совети. Чувајте ги тие луѓе блиску до вас. Немојте да се дружите со подлизурковци.“ – Тим Ган

„Ако сакате да постигнете голем и значаен успех во животот, нема да можете да го направите тоа сами. Вам ви треба тим кој ќе се состои од вашите најдобри пријатели и членови од семејството.“ – Дипак Чопра

„Искреноста е првото поглавје од книгата на мудроста.“ – Буда

„Ниту еден поединец не може да победи сам.“ – Платон

„Кога довербата е на високо ниво, комуникацијата оди лесно, брзо и ефикасно.“ – Непознат автор

„Комуникација + Доверба = Пријателство кое ќе трае вечно.“ – Непознат автор

„Не може да му се верува на оној кој не верува никому.“ – Лао Цу

„Мора да имате доверба во луѓето, во спротивно животот ќе ви стане неподнослив.“ – Антон Чехов

„Ослободете се од потребата да го контролирате крајниот резултат. Верувајте во процесот. Верувајте ѝ на вашата интуиција. Верувајте во себе.“ – Непознат автор

„Верувајте им на вашите претчувства. Тие обично се засноваат на факти.“ – доктор Џојс Брадерс

Во продолжение прочитајте за овие 5 знаци кои укажуваат дека имате проблем со довербата во врската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар