Цитати од ТВ серијата „Вовед во анатомија“ во кои ќе се пронајдат сите најдобри пријателки

Цитати од ТВ серијата „Вовед во анатомија“ во кои ќе се пронајдат сите најдобри пријателки

Мередит Греј и Кристина Јанг се вистински сродни души, бидејќи секогаш се тука една за друга, и во добро и во зло. Тие се разбираат меѓусебно како што никој друг не може да ги разбере. Доколку имате ваква пријателка, можете да се сметате себеси за многу среќна личност. Во чест на ретките пријателства, прочитајте ги следниве цитати од ТВ серијата „Вовед во анатомија“ и пратете ѝ ги на вашата најдобра другарка…

Цитати од ТВ серијата „Вовед во анатомија“ во кои ќе се пронајдат сите најдобри пријателки

„Најважно е никогаш да не престанеме да веруваме дека можеме да имаме нов почеток. Но, исто така важно е да запомниме дека помеѓу сите проблеми, постојат неколку работи за кои вреди да се бориме“ – Вовед во анатомија

„Ти си мој човек.“ – Вовед во анатомија

„Ти си ми сестра, семејство и сѐ што имам.“ – Мередит Греј

„Ние сме пријателки, вистински пријателки. Тоа значи дека без разлика колку време ќе ти треба, кога конечно ќе решиш да се свртиш назад, јас сѐ уште ќе бидам тука за тебе.“ – Мередит Греј

„Кога би убила некого, нејзе би ѝ се јавила за да ми помогне да го тргнам телото од дневната соба. Таа е мој човек.“ – Кристина Јанг.

„Ако постои позитивна страна кај слободното паѓање, тогаш тоа е шансата што им ја давате на вашите пријатели да ве фатат.“ – Мередит Греј

Цитати од ТВ серијата „Вовед во анатомија“ во кои ќе се пронајдат сите најдобри пријателки

„Изгледаше како да се обидуваш да земеш воздух. Јас се давев, а ти ме спаси. Тоа е сѐ што знам.“ – Дерек Шепард

„Земи ме. Одбери ме. Сакај ме.“ – Мередит Греј

„Кога го делите животот со некој човек, вие зборувате со него, размислувате со него, одлучувате со него и верни сте му нему.“ – Миранда Бејли

„Ти си мој човек и секогаш ќе бидеш мој човек.“ – Вовед во анатомија

„Не прави го тоа! Не биди херој. Ти си мој човек. Ми требаш жива. Ми даваш храброст. Во ред, ајде сега да танцуваме.“ – Кристина Јанг

„Ако сум научила нешто низ годиниве, тоа е дека доволна е само една личност, еден пациент, еден момент за да ти се смени животот засекогаш, да ти се смени погледот кон светот и начинот на размислување.“ – Кристина Јанг

Цитати од ТВ серијата „Вовед во анатомија“ во кои ќе се пронајдат сите најдобри пријателки

„Ако решам да го направам ова, ако бидам целосна, здрава, топла и лигава личност која живее со момче… тогаш треба да си тука за мене. Треба да навиваш за мене, затоа што ти си единствениот човек кој ме познава. Кој вистински ме познава. Ми треба да се преправаш дека можам да го направам ова, дури и да не веруваш. Ако ме напуштиш, никогаш нема да успеам и никогаш нема да го добијам мојот среќен крај.“ – Мередит Греј

„Не ми дозволуваа да го потврдам мојот преглед, ако не назначам контакт во случај на несреќа. Ти си мојот контакт.“ – Кристина Јанг

„Замолчи, јас сум твој човек.“ – Мередит Греј

„Благодарност. Пофалби. Почитување. Без разлика какви зборови употребувате, сите тие го имаат истото значење. Среќни. Треба да бидеме среќни. Треба да бидеме благодарни за пријателите, семејството, да бидеме среќни што сме живи, без оглед дали ни се допаѓа тоа или не.“ – Мередит Греј

„Не смеам да одам. Мора да танцувам до крај. Така ќе завршиме.“ – Кристина Јанг

Прочитајте ги и следниве незаборавни цитати од Кристина Јанг.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар