Цитати од познат психијатар за судбината и животот на човекот

Цитати од познат психијатар за судбината и животот на човекот

Ерик Берн e канадски психијатар, познат по неговата теорија дека животот на секој човек е програмиран до петтата година, а потоа сите живееме според ова сценарио.

Цитати од познат психијатар за судбината и животот на човекот

Прочитајте дел од неговите цитати:

„Сценариото е животен план кој постепено се развива, кој се формира во раното детство, главно под влијание на родителите. Овој психолошки импулс го турка човекот напред со голема сила кон неговата судбина, и многу често без оглед на неговиот отпор или слободен избор.“

„Во првите две години однесувањето и мислите на детето се програмирани главно од мајката. Оваа програма ја формира почетната рамка на неговото сценарио, „примарниот протокол“ за тоа кој треба да биде, односно дали треба да биде „чекан“ или „наковална.“

„Кога детето ќе наполни шест години, неговиот животен план е завршен. Свештениците и учителите од средниот век добро го знаеле тоа, велејќи: „Оставете ми го детето додека не наполни шест години, па земете го назад“. Добриот воспитувач дури може да предвиди каков живот го чека детето, дали ќе биде среќно или несреќно, дали ќе биде победник или губитник.“

„Планот за иднината се прави главно според упатствата на семејството. Некои од најважните точки можат да се откријат доста брзо, веќе во првиот разговор, кога терапевтот прашува: „Што ви раскажуваа родителите кога бевте мали?”

„Најчесто одлуките на децата, а не свесното планирање во зрелоста, ја одредуваат судбината на една личност. Што и да мислат или кажат луѓето за нивните животи, често се чини дека некоја моќна привлечност ги тера да се стремат некаде, што многу често не е во согласност со она што е напишано во нивните автобиографии. Оние кои сакаат да заработат губат пари, додека другите неконтролирано се збогатуваат. Оние кои тврдат дека бараат љубов инспирираат само омраза дури и кај оние што ги сакаат.“

„Програмирањето најчесто се одвива на негативен начин. Родителите им наметнуваат разноразни ограничувања на децата. Но, понекогаш тие даваат дозвола. Забраните го отежнуваат прилагодувањето на околностите, додека дозволите даваат слобода на избор. Дозволите не го доведуваат детето во неволја, освен ако не се придружени со принуда. Вистинската дозвола е едноставно „можеш“, како дозвола за риболов. Никој не го присилува момчето да оди на риболов. Ако сака – рибари, ако не – не лови туку се занимава со тоа што сака и кога ќе дозволат околностите.“

„Повторно треба да се нагласи: да се биде убав (како и да се биде успешен) не е прашање на анатомија, туку на родителска дозвола. Анатомијата, се разбира, влијае на убавината на лицето, но само како одговор на насмевката на таткото или мајката, ликот на ќерката може да цвета со вистинска убавина. Ако родителите го гледаат својот син како глупаво, слабо и несмасно дете, а нивната ќерка како грдо и глупаво девојче, тогаш тоа се рефлектира врз детето.“

Откако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 15 цитати од Ошо кои ќе ве натераат да размислите за животот, љубовта и среќата.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар