Цитати од легендарните Дизни цртани филмови кои и денес нè инспирираат
Кога бевме мали, нешто на што најмногу се радувавме беа цртаните од Дизни. Но, тоа не значи дека сега сме ги надраснале. Баш напротив, во нив се кријат мудрости кои не се ограничени на годините. Овие цртани нè учеа за животот, љубовта, пријателството… Можеби сме биле деца кога прв пат сме ги чуле овие цитати и во тоа време не сме ги сфаќале во целост, но ако сега се навратиме на нив можеме да научиме големи животни лекции. Погледнете…
Покахонтас
„Слушај го своето срце и ќе разбереш.“
Потрага по Немо
„Кога ќе те погледнам, се чувствувам како да сум дома.“
Кралот на лавовите
„О да, минатото умее да боли, но ваша е одлуката дали ќе избегате или ќе научите нешто од него.“
Замрзнато
„Некои луѓе вредат и да се стопиме за нив.“
Бамби
„Љубовта е песна која нема крај.“
Херкул
„Луѓето прават невидени нешта кога се заљубени.“
Петар Пан
„Сè што сега ни е потребно се верата и меѓусебната доверба.“
Принцезата и жабата
„Моите соништа не би биле целосни без тебе во нив.“
Аладин
„Дозволи да го поделам целиот нов свет со тебе.“
Вини Пу
„Ти си многу похрабар и попаметен одошто мислиш, а јас многу посилен одошто ти се чини.“
Тарзан
„Верувај му на своето срце и дозволи ѝ на судбината да одлучи.“
Невидени
„Ти си мојата најсјајна авантура.“
Пепелашка
„Значи ова е љубов! Ова чувство го прави животот божествен.“
Златокоса
„Кога сега те гледам, светот ми изгледа различно.“
Заспаната убавица
„Велат дека ако сонуваш нешто повеќе пати, тоа и ќе се случи. А јас сум го сретнала многу пати во соништата.“