Цитати од легендарниот Хомер Симпсон
Кој се нема изнасмеано до солзи на глупостите кои ги има тресено Хомер низ сите сезони на ТВ серијата „Симпсонови“? Овој легендарен лик ќе се памети засекогаш, а неговите испади и шеги ќе се раскажуваат и гледаат со генерации и генерации. Ова се само дел од неговите најсмешни изјави низ сите 22 сезони.
Аххх, пиво… Причината и решението за сите животни проблеми.
Која е поентата да се излегува надвор? И онака после пак ќе се вратиме тука.
Како со учењето би се чувствувал попаметен? Плус, секогаш кога ќе научам нешто ново, исфрлам нешто што сум го научил претходно. Како оној пат кога отидов на курс за правење вино, заборавив како се вози.
Обидувањето е првиот чекор кон неуспехот.
Марџ, навистина многу ќе ми недостигаш. Не само поради сексот, туку и поради приготвувањето на храната.
Мислам дека г. Смитерс ме одбра поради моите мотивациски вештини. Сите велат дека мораат да работат двојно повеќе кога јас сум во околина.
Синко, кога учествуваш во спортски натпревари, не е важно дали ќе победиш или ќе изгубиш. Важно е колку ќе се опијаниш.
Марџ потребни се двајца за лага. Едниот да лаже, а другиот да слуша.
Деца, давате сè од себе, но сепак, јадно, не успевате. Лекцијата е „никогаш не обидувај се.
Со 10.000 долари, ќе бидеме милионери! Ќе можеме да купиме секакви корисни работи, како на пример… љубов!
Ох, луѓето секогаш излегуваат со разни статистики за да докажат нешто. 14% од луѓето го знаат тоа.
Момчиња, нуклеарен реактор е нешто слично како жена. Морате да го прочитате упатството и да го стиснете вистинското копче.
Епа, сега е 1 часот по полноќ. Подобро да појдам дома и квалитетно да потрошам малку време со децата.
Ќе може ли барем еднаш во животот некој да ме нарече „Господине“, без притоа да додаде „правите сцена“.
Ве молам не јадете ме, јас имам жена и деца. Изедете ги нив!
Лиса, вампирите се измислена работа, исто како елфовите, гремлините и Ескимите.
Телевизија! Учител, мајка, таен љубовник.
Не морам да бидам внимателен, имам пиштол!
Не, не, не Лиса! Доколку на возрасните не им се допаѓа нивната работа, тие не штрајкуваат. Тие одат секој ден на работа и пола од времето го преседуваат. Тоа е американскиот начин!
Интернет! Тоа нешто уште постои?
Јас никогаш не се извинувам! Прости ми Лиса, ама таков сум.
Аххх, пиво…мојата единствена слабост. Или ако сакате, Ахилова пета.
Ох, доцнам 26 часа на работа.
Деца тишина!!! Ако чујам уште само еден збор, за Барт нема веќе гледање цртани, а за Лиса нема одење на колеџ!!!
Деца, ако дедо ви почне да се однесува чудно, однесете го во подрум.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
na angliski e filingot,vaka glupo zvuci na nase
potpolno se slozuvam :)))) ne se dolovuva ich