Цитати од Кијану Ривс кои ќе ви дадат поинаква перспектива на животот

Цитати од Кијану Ривс кои ќе ви дадат поинаква перспектива на животот

Кијану Ривс е прекрасна личност. За жал, тоа не било доволно за има убав живот, и покрај тоа што е супер филмска ѕвезда. Неговата ќерка почина при раѓање, а неговата сестра е дијагностицирана со леукемија – би можеле да кажеме дека сигурно не му е лесно. Има направено многу скромни и благородни нешта – од возење во подземното метро на враќање од работа, до анонимно отворање добротворни организации. Тој е едноставно холивудски крал.

Цитати од Кијану Ривс кои ќе ви дадат поинаква перспектива на животот

Еве 25 цитати од него.

„Секоја борба во животот ве има обликувано во личноста којашто сте денес. Бидете благодарни за тешките времиња, тие само ве прават поцврсти.“

„Ако можете да насмеете жена, ќе го видите најубавото нешто што постои на Земјата.“

„Утрешниот ден не е гаранција, затоа живејте денес!“

„Мора да си го промените животот ако не сте среќни и да се разбудите ако гледате дека нештата не одат како што сакате.“

„Понекогаш непријателите се нашите најдобри учители. Луѓето можат да научат многу од грешките. Уништувањето некогаш значи преродба.“

„Тагата ја менува формата, но никогаш не престанува.“

„Одвреме-навреме, обидете се да не бидете во право. Тоа добро ќе ви делува.“

„На крајот на краиштата, мислам дека сите би се сложиле дека дури и во случај на трагедија, одличната личност и понатаму ќе продолжи да цути. Што и да ви се случува во животот – можете да го надминете! Животот е вреден за живеење.“

„Понекогаш наједноставните работи е најтешко да се постигнат.“

„Никој од нас не си заминува одовде жив, затоа престанете да се третирате себеси како да не сте важни. Јадете вкусна храна. Шетајте под сонцето. Скокнете во океанот!“

„Ако сте биле брутално скршени, а сепак имате храброст да бидете сочувствителни кон другите живи суштества, тогаш вие сте бестрашно цврста личност со ангелско срце.“

„Бакнувањето е доста интимно нешто, всушност многу интимно, и срцето некако секогаш ви прескокнува отчукување пред да го направите тоа.“

„Ме воспитале да се однесувам со луѓето точно онака како што сакам другите да се однесуваат со мене. Тоа се вика почит.“

„Нашите соништа можат да нѐ научат, да нѐ водат, да нѐ збунат и понекогаш мислам дека треба да бидат земени предвид. Тие се прилика и мислам дека со сигурност можат да се искористат за да се фокусираме, да се обидеме и да постигнеме – без разлика дали се работи за нашата потрага по некого, потребно ни е влијание или можеби инспирација.“

„Кога не се чувствувам слободен и не можам да го правам она што сакам, едноставно реагирам. Одам против тоа.“

„Секогаш ќе бидам заљубен во љубовта.“

„Мултикултурата е вистинската култура во светот – чиста раса не постои.“

„Личноста која ме одвлекуваше од мојата среќа бев самиот јас.“

„Добар [љубовен] состанок е кога двајцата сте опиени еден од друг и сѐ станува добро во светот.“

„Енергијата не може да се создаде или уништи, таа тече. Мора да тече во некоја насока, според некоја внатрешна, емотивна, спиритуална насока. Мора да има ефект некаде.“

„Забавно е да се биде безнадежно вљубен. Опасно, но забавно.“

„Секој ден им се заблагодарувам на небото и земјата за сите можности кои сум ги имал.“

„Можете далеку да отидете доколку само практикувате да обрнувате внимание.“

„Какви девојки сакам? – Сите се ангели.“

„Некогаш толку се внесуваме во нашите секојдневни животи што забораваме да си дадеме време и да уживаме во убавината на животот. Како да сме зомбиња. Погледнете нагоре и тргнете ги слушалките од уши. Кажете му некому ‘Здраво’ и по можност гушнете некого кој изгледа како да му е тешко.“

Прочитајте ги и овие 5 лекции кои можеме да ги научиме од тешката животна приказна на актерот Кијану Ривс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар