Цитати од филмот „Вондер Вуман“ што ќе ги инспирираат сите жени да станат суперхеројки
„Вондер Вуман“ (Wonder Woman) е филм што ни претставува силен и непобедлив женски лик кој може да им послужи како пример на сите девојчиња и жени. Чудесната жена многу добро знае која е и каква е и не прифаќа ништо помалку од она што го заслужува. Тоа е нешто што многу девојки го забораваат во денешно време, па затоа одвреме-навреме им треба мало потсетување. Моќната Дијана не само што ќе ви ја зголеми самодовербата, туку и ќе ви даде надеж за идните генерации. Прочитајте ги следниве цитати од Вондер Вуман што ќе ве инспирираат да станете вистински суперхеројки…
За потрагата по луѓето кои ве заслужуваат
„Бидете внимателни со луѓето. Тие не ве заслужуваат.“
За одбраната на светот
„Ако никој друг нема да го брани светот, тогаш јас ќе морам да го сторам тоа.“
За доброто и злото
„Порано сакав да го спасам светот, да им ставам крај на војните и да му подарам мир на човештвото. Но, тогаш ја забележав темнината што живее во неговата светлина. Научив дека во секој човек постојат и двете. Секој мора сам да го направи својот избор и тоа е нешто што ниту еден херој не може да го победи.“
За вербата во љубовта
„Важно е тоа во кое верувате. А јас верувам во љубов. Само љубовта може навистина да го спаси светот.“
За борбата за другите
„Ќе се борам за оние кои не можат да се борат самите.“
За значењето на мажите
„Кога станува збор за размножување, мажите се од големо значење, но не се потребни за доживување задоволство.“
За должноста во животот
„Наша света должност е да го одбраниме светот.“
За борбата
„Борењето нема да ве направи херои.“
За ветувањата
„Договорот е ветување, а ветувањето е некршливо.“
За личните битки
„Сите водат свои сопствени битки исто како што вие ги водите вашите.“
Доколку ви се допаднаа овие мисли, прочитајте ги и следниве моќни и инспиративни феминистички цитати од познати жени.