Цитати од арапски нобеловец: Мудри мисли кои ќе ве натераат да се запрашате за важните нешта во животот

Цитати од арапски нобеловец: Мудри мисли кои ќе ве натераат да се запрашате за важните нешта во животот

Нагиб Махфуз (11.12.1911 – 30.08.2006) бил египетски писател кој објавил повеќе од 40 новели и 30 сценарија, од кои „Каирска трилогија“ се смета за ремек-дело. Во 1959 година, тој објавил роман со наслов „Децата од нашиот сокак“, дело кое според богохулие било забрането во Египет. Токму оваа книга се смета како причина за обидот на убиство на Махфуз во 1994-та година, па затоа и потоа секогаш имал телохранител покрај себе. Нобеловата награда за книжевност ја добил во 1988 година.

Цитати од арапски нобеловец: Мудри мисли кои ќе ве натераат да се запрашате

Погледнете дел од неговите најпознати цитати:

„Многу е поважно добро да се однесувате кон друг човек, отколку постојано да молите, постите и со челото да ги допирате молитвените теписи.“

„Бог не сакал религијата да биде клуб за вежбање.“

„Можете да заклучите дали некој човек е паметен според одговорите кои ги дава. Од друга страна, можете да заклучите дали некој е мудар, според прашањата кои ги поставува.“

„Доколку сакате да ги размрдате луѓето, побарајте од нив нешто на што тие се чувствителни. Во Египет на пример, нема почувствителна тема од религија.“

„Ако ја отфрлиме науката, ќе го отфрлиме и обичниот човек.“

„Настаните во домот, на работа, на улица – тоа се основните добри приказни.“

„На мои години, нема смисла да се биде песимист.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар