Цитати кои ќе ве потсетат колку сте моќни

Цитати кои ќе ве потсетат колку сте моќни

Секој од нас има лоши периоди во животот, некои повеќе од другите. Понекогаш се чувствуваме поразено, депресивно и безвредно. Ова се можеби најтешките емоции кои можете да ги чувствувате за себе. Имајќи го ова на ум, денес ви издвојуваме неколку цитати кои ќе ве посетат колку сте моќни и дека можете да надминете сè. Запомнете ги и потсетувајте се на нив секогаш кога ќе се чувствувате безнадежно.

SAMSUNG DIGITAL CAMERA

„Сакам да можам да ти ја покажам светлината на твоето битие кога си осамен или во темнината.“ – Хафиз

„Во тебе е светлината на илјада сонца.“ – Роберт Адамс

„Убавиот ден почнува со убави мисли. Кога ќе се разбудиш, одвој момент за да ја сфатиш привилегијата што си жив и здрав. Во моментот кога ќе почнеш да се однесуваш кон животот како да е благослов, тој навистина ќе стане тоа. Времето поминато во ценење е време кое вреди да се живее.“ – Непознат автор

„Премногу сте строги кон себе. Дајте си време, седнете и разгледајте го вашиот живот. Гледајте ја тагата која ве омекнала, болката која ве направила помудри, страдањето кое ве направило посилни. И покрај сè, вие сè уште растете. Бидете горди на ова.“ – Непознат автор

„Нема причина да се сомневате во себе. Ако ги знаете вашите намери, секогаш самите ќе си се водите, и ако понекогаш скршнете од патот, ќе научите нешто од тоа. Тогаш ќе знаете дека всушност и не сте скршнале, туку сте го прошириле патот.“ – Башар

„Создадете ја највисоката, најголемата верзија од вашиот живот. Бидејќи вие станувате она во коешто верувате.“ – Опра Винфри

„Промената може да биде страшна. Но знаете што е пострашно? Да му дозволите на стравот да ве спречи во растењето, еволуирањето и напредокот.“ – Мени Хејл

„Ние сме патници на космичко патување, ѕвездена прашина и танцуваме во вртлогот на бесконечноста. Животот е вечен. Застануваме за момент за да се сретнеме, да се љубиме, да го споделиме овој прекрасен момент. Ова е мала ограда во вечноста.“ – Пауло Коелјо

„Тргнете ја маската. Вашето лице е прекрасно.“ – Руми

„Не можете да го започнете новото поглавје од вашиот живот ако постојано го читате претходното.“ – Непознат автор

„Ние сме направени од ѕвезди.“ – Моби

„Немојте да се грижите, нека не ви биде страв, бидејќи ова е само патување.“ – Бил Хикс

„Постојат само два начина да го живеете животот. Едниот е како ништо да не е чудо. Другиот е како сè да е чудо.“ – Алберт Ајнштајн

„Без темнината никогаш нема да ги видиме ѕвездите.“ – непознат автор

„Немојте да се чувствувате осамено, целиот универзум е во вас.“ – Руми

„Многу од болката што ја чувствуваме се само мисли.“ – непознат автор

„Никогаш немојте да го споредувате вашето патување со нечие друго. Вашето патување е само ваше, тоа не е натпревар.“ – Непознат автор

„Вам ви е подарен овој живот бидејќи сте доволно силни за да го живеете.“ – Непознат автор

„Животот ќе ви го даде искуството што е најпотребно за созревање на вашата свест. Како ќе знаете дека тоа е искуството што ви е потребно? Бидејќи тоа е искуството што го имате во овој момент.“ – Екарт Тол

„Препознавањето на доброто кое веќе го имате во вашиот живот е основата на целото богатство.“ – Екарт Тол

„Во моментот кога во вашето срце ќе го имате неверојатното чувство наречено љубов, и кога ќе ја почувствувате длабочината и неговата екстаза, ќе откриете дека вашиот свет е променет.“ – Џиду Кришнамурти

„Не се прашувајте што му е потребно на светот. Запрашајте се што ве прави живи и правете го тоа. Бидејќи на светот му се потребни повеќе луѓе кои оживеале.“ – Хауард Турман

„Се критикувате со години, и тоа не функционира. Обидете се да си дадете признание и гледајте што ќе се случи.“ – Луиса Хеј

„Сè додека не се почувствувате скршени нема да знаете од што сте направени. Ова ви дава можност повторно да се изградите, но овој пат посилни.“ – Мелиса Моломо

„Болката која ја чувствувате не може ни да се спореди со радоста која доаѓа.“ – Непознат автор

„Секоја борба во вашиот живот ве направила личноста која сте денес. Бидете благодарни за тешките времиња, тие само ве прават посилни.“

„Кога ќе се соочите со тежок период, имајте на ум дека предизвиците не се овде за да ве уништат. Тие се овде да ве подобрат и да ве направат посилни.“ – Џоел Остин

„Животот ја тестира човечката волја. Понекогаш ништо не се случува, а понекогаш прави сè да се случува наеднаш.“ – Пауло Коелјо


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар