Цитати кои докажуваат дека на ниту една жена не ѝ треба маж за да се чувствува исполнето

Цитати кои докажуваат дека на ниту една жена не ѝ треба маж за да се чувствува исполнето

Во денешното општество, иако жените стануваат сѐ понезависни, сепак сѐ уште им се наметнува мислењето дека треба да се омажат или да имаат момче за да можат да се сметаат себеси за успешни. Семејството ги притиска да најдат доктор, адвокат или директор, но што ако го направат тоа? Успехот на мажот не го дефинира успехот на жената. Жената сама по себе е способна да создава неверојатни нешта и може совршено добро да функционира без партнер. Прекрасните, успешни и независни жени самите си ги завршуваат нивните обврски и ги достигнуваат нивните цели. Не им е потребен маж зад кој ќе можат да се сокријат, туку сосема се способни сами да се движат напред и да ги надминуваат сите пречки на патот. Не им треба витез или принц на бел коњ кој ќе ги заштити и спаси, бидејќи приказната за „дамата во неволја“ е веќе одамна застарена.

Цитати кои докажуваат дека на ниту една жена не ѝ треба маж за да се чувствува исполнето

Она што се очекува од мажите е да го подарат нивното време, внимание и почит. Тоа треба да им е важно на урбаните жени, а не неговата финансиска стабилност и професионален успех. Во тој контекст, прочитајте ги следните моќни цитати во кои можат да се пронајдат сите независни и силни жени и девојки…

„Вистинската жена сака да ги заслужи работите што ги добива. Така ја негува нејзината вредност.“

„Не можете да ги натерате мажите да ве почитуваат, но можете да направите да зажалат што не ви покажале почит.“

„На жените не им треба контрола. Им треба некој кој ќе ги гледа како ги остваруваат нивните соништа и ќе се гордее со нив.“

„На жените не им треба ништо друго освен постојаност, стабилност, почит и лојалност.“

„Единственото нешто што е поубаво од жената која знае што сака е жената која не очекува некој друг да ѝ ги оствари желбите.“

„Не треба да ја барате вашата вредност во очите на мажот. Треба да ја пронајдете вашата вредност во вас самите и потоа да најдете маж кој ќе ве заслужува. Запаметете го тоа.“

„Жената секогаш може да сфати дали мажот навистина ја сака според времето кое е подготвен да го потроши на неа. Потрошените пари се безначајни, но времето поминато заедно е бесценето.“

Цитати кои докажуваат дека на ниту една жена не ѝ треба маж за да се чувствува исполнето

„Најпаметното нешто што може да го научи жената е дека никогаш не треба да има потреба од маж.“

„Ако требало жените да бидат контролирани, би имало далечински управувач за нив.“

„Жените треба да се разгалуваат со лојалност, а не со пари.“

„На жената не ѝ е потребен оној на кој не му е потребна таа.“ – Мерилин Монро

„Најопасната жена е онаа која не зависи од мечот на мажот за да се спаси, туку поседува сопствен меч.“

„Силните жени попрво би се мачеле целиот живот, отколку да му ја дадат моќта на мажот да каже ’Да не бев јас, немаше да бидеш тука’.“

„Темпераментната независна жена е многу поубава од жената која чека на другите луѓе да му дадат значење на нејзиното постоење.“

„Секој материјален подарок жената може да си го подари самата на себе. На жените им треба маж кој ќе ги опсипува со внимание и ќе им подарува нови искуства.“

„Што е една кралица без крал? Историски гледано, помоќен владетел.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар