Чудо од дете: Погледнете го ова 10-годишно момче со извонреден талент за шминкање!

Чудо од дете: Погледнете го ова 10-годишно момче со извонреден талент за шминкање!

Благодарение на социјалните мрежи, речиси сите луѓе можат да стекнат Интернет слава. Ова најмногу важи за светот на модата и убавината каде што цела нова генерација уметници оставија свој печат со нивниот уникатен и иновативен начин на шминкање. Сепак, едно момче од Велика Британија се издвојува од сите нив не само поради неговиот извонреден талент туку и поради фактот што има само 10 години!

Чудо од дете: Погледнете го ова 10-годишно момче со извонреден талент за шминкање!

Чудо од дете: Погледнете го ова 10-годишно момче со извонреден талент за шминкање!

Џек, кој на Инстаграм можете да го најдете потпишан како @MakeuupbyJack, е вистинско чудо од дете. Неговите вештини се за почит! Вештачките трепки се сосема изедначени, хајлајтерот е совршено нанесен а зачадените очи се беспрекорно зачадени.

Чудо од дете: Погледнете го ова 10-годишно момче со извонреден талент за шминкање!

Чудо од дете: Погледнете го ова 10-годишно момче со извонреден талент за шминкање!

Џек најпрво станал популарен кога неговиот лик бил искористен за едно Фејсбук меме. Натписот на мемето гласел: „Го начекувате синот како го прави ова, што ќе направите?“. Ова предизвикало голем број зајадливи коментари полни со предрасуди, меѓутоа сепак момчето на крајот успеало да ги освои срцата на илјадници со тоа што ги усовршило неговите техники за шминкање до тој степен што малкумина возрасни би можеле да ги изведат без грешка.

Чудо од дете: Погледнете го ова 10-годишно момче со извонреден талент за шминкање!

Чудо од дете: Погледнете го ова 10-годишно момче со извонреден талент за шминкање!

Моментално Џек има повеќе од 60.000 следбеници, но големи се шансите дека тој нема да застане тука. Ние му предвидуваме светла и успешна иднина во светот на модата и убавината. Што мислите вие за овој талент?

Чудо од дете: Погледнете го ова 10-годишно момче со извонреден талент за шминкање!

Доколку и вас ве фасцинира моќта на шминкањето, погледнете ги следниве неверојатни трансформации со помош на шминка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар