Чудо на природата: Импресивен вулкан кој еруптира на секои 15 минути

Чудо на природата: Импресивен вулкан кој еруптира на секои 15 минути

Планинарењето во близина на активен вулкан можеби и не се совпаѓа со начинот на кој го замислувате вашиот одмор, но за многумина очигледно вреди да се ризикува. Вулканот Фуего во Гватемала е најактивниот вулкан во Средна Америка кој привлекува илјадници туристи годишно. Со цел да можат да ги видат одблизу неговите ерупции, туристите мораат да се искачат на соседниот врв Акатенанго кој е неактивен вулкан.

Чудо на природата: Импресивен вулкан кој еруптира на секои 15 минути

Екскурзијата до вулканот започнува од градот Антигва кој го краси барокна архитектура и е дел од листата на светското наследство на УНЕСКО. Пред пандемијата, градот привлекувал два милиони туристи годишно. Сепак, се очекува нов прилив на туристи со оглед на значителното намалување на мерките.

Според туристичките водичи, вулканот дневно го посетуваат околу 300-400 луѓе. Вулканот Акатенанго се наоѓа на речиси четири илјади метри надморска височина, а за искачување од почетната точка потребни се околу пет часа. Вулканот Фуего е постојано активен и на секои 15-20 минути испушта чад.

Вулканот е далеку од безбеден со оглед на тоа дека неговата ерупција во 2018 година го избришала селото Сан Мигел Лос Лотес од лицето на Земјата, при што загинале 159 луѓе, а биле повредени повеќе од 300 луѓе.

Откако прочитавте за вулканот Фуего во Гватемала, можеби ќе сакате да прочитате и за најголемиот вулкан на светот кој е скриен под океанот.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар