Чудните фобии на познатите личности
Мислите дека е необично што се плашите од височина, инсекти или од затворен простор? Верувајте, тоа не е ништо… 🙂
Били Боб Тортон се плаши од антички мебел
„Можеби во минатиот живот некој ме има претепано до смрт со старомодна столица. Но, сериозен сум, не можам да јадам околу антички предмети. Ме гушат“ – има изјавено Тортон.
Опра се плаши од гуми за џвакање
Стравот на Опра е толку екстремен, што таа го забранува џвакањето мастики од моментот кога ќе влезе во зградата каде што се снима нејзиното шоу. Таа оди толку далеку, што ја фрла целата чинија, доколку некој гостин ја остави мастиката на неа додека вечера.
Памела Андерсон се плаши од огледала
И покрај тоа што поранешната ѕвезда „Чувари на плажата“ (Baywatch) не се плашеше да го истакне нејзиното тело на насловната на Плејбој 11 пати, таа сепак е тотално преплашена од нејзиниот одраз во огледало. Таа исто така, избегнува да се гледа себеси на телевизија.
Орландо Блум се плаши од свињи
Кога едно прасенце било одврзано на снимањето на филмот „Kingdom of Heaven“, Орландо Блум, како што се тврди, избегал колку што можел побрзо.
Кајра Сегвик се плаши од храна којашто зборува
Според нејзиниот сопруг Кевин Бејкон, Кајра се ужасува од анимирана храна којашто зборува. Нејзината фобија е толку лоша, што кога гледа ваква реклама, мора веднаш да ја напушти просторијата.
Тајра Бенкс се плаши од делфини
„Се плашам од нив од мои 8 или 9 години. Сонувам дека сум во базен со делфини и тие се удираат во мене, а јас сум преплашена“ – изјавила Тајра.
Алфред Хичкок се плашел од јајца
Доста чудна фобија за човек кој направи кариера снимајќи страшни сцени. „Престрашен сум од јајца, од таа бела обвивка без дупки… Сте виделе ли некогаш нешто погрозно од тоа кога ќе се скрши жолчка од јајце и од неа ќе почне да се излива жолта течност?“ – изјавил еднаш Хичкок.
Никол Кидман се плаши од пеперутки
Актерката вели дека нималку не се плаши од змии или од пајаци, но е преплашена од пеперутки. Како дете таа се прекачувала преку огради и ползела околу куќата, за да ја избегне влезната капија каде што честопати имало пеперутки.
Метју Меконахи се плаши од врати на вртење
„Станувам анксиозен кога сум во присуство на врати коишто се вртат“ – вели Конахи. Исто така се наежува од тунели.
Кијану Ривс се плаши од темнината
Можеби Кијану успеа да го преживее Матриксот, но овој актер не може долго време да издржи во темна соба. Тој е непоправлив скотофобик, што значи дека е смртно исплашен од темнината.
Хелен Мирен се плаши од зборување преку телефон
Англиската актерка премногу се плаши од телефони. „Телефонот ме прави многу нервозна. Секогаш кога можам избегнувам да кренам слушалка. Откривањето на телефонската секретарка беше прекрасен изум“ – изјавила англиската актерка.
Пи Диди се плаши од ножни прсти
„Јас навистина се плашам од втор подолг прст на нозете“.
Адел се плаши од гулаби
„Сè започна кога се шетав на 9 години и лижев сладолед. Тогаш еден огромен е*ан гулаб дојде и ми го џапна сладоледот. Мислев дека ќе ме собере и мене сосе него“ – вели пејачката.
Камерон Дијаз се плаши од кваки
Таа одбива да ги допре рачките на вратите. За среќа, во моментов е доволно позната и богата, па можеби си има личен отворач на врати.
Меган Фокс се плаши од хартија
„Едноставно не можам да поднесам сува хартија. Скрипти, весници и сè што не е пластифицирано, не можам да го допрам со моите раце“ – вели актерката.
Кајли Миног се плаши од закачалки
„Го мразам звукот кој закачалките го создаваат кога ги закачуваш во плакарот“. Поради ова таа мора целата облека да ја остава во нејзината соба, наместо да ја закачува.
Роберт де Ниро се плаши од забар
Се шушка дека јакиот холивудски маж е смртно преплашен од посетите на забар. Тој верува дека забната опрема може и ќе предизвика болести во иднина.
Ники Минаж се плаши од ескалатори
Во текот на галата на НБА во Лос Анџелес во 2011 година, Ники Минаж предизвикала сцена кога одбила да се качи со ескалатор. Нејзината фобија сè уште е мистерија.
Кристина Ричи се плаши од домашни цвеќиња
„Тие се валкани. Имам одбивност од фактот дека има растенија во затворен простор. Тоа ме полудува“ – вели Ричи.
Вуди Ален се плаши од сè
Лифтови, инсекти, светли бои, височина, сончева светлина, деца, кучиња… Тој исто така страда и од аракибутирофобија (страв путер од кикирики да не се залепи на горното непце од устата).
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Liam Payne(clen na 1D) se plasi od lazica 😀