Чудниот ефект кој апчињата за алергија можат да го имаат врз вашиот сексуален живот

Чудниот ефект кој апчињата за алергија можат да го имаат врз вашиот сексуален живот

Доколку страдате од алергија, тогаш сигурно веќе ви е добро познато кивањето, солзењето очи и вртењето кои настануваат во истиот момент кога здодевниот полен ќе почне да лебди низ воздухот. Оваа состојба е едноставно неиздржлива, па токму затоа и големи се шансите дека пиете антихистамини со цел да можете да продолжите активно да ги извршувате вашите секојдневни обврски. Но, изгледа дека овие медикаменти, покрај способноста да ви помогнат со алергиските реакции, имаат моќ и да го разорат вашиот сексуален живот. И тоа не само поради фактот што ве прават поспани.

Чудниот ефект кој апчињата за алергија можат да го имаат врз вашиот сексуален живот

Антихистамините функционираат така што ги сушат мукозните мембрани, бидејќи тие се виновни за растечениот нос и шмркањето. Но, мукозните мембрани не се наоѓаат само во и околу вашите синуси, тие постојат и во вагината – односно, тие се начинот на кој таа успева да се „навлажни“. Проблемот настанува кога антихистамините не можат да направат разлика помеѓу мукозните мембрани кои имаат потреба да се исушат и оние кои треба да продолжат нормално да си функционираат за сексуалното задоволство.

„Лековите за алергија и настинка кои можат да се купат без рецепт во аптеките, содржат антихистамини кои ги сушат мукозните мембрани во вашиот нос, како и оние во вашата вагина“, вели Алиса Двек, гинеколог од Њујорк.

Па, доколку редовно користите медикаменти за алергија, тоа без сомнение може да предизвика нарушување во вашиот сексуален живот. Ова е добро да се знае доколку периодов сте започнале да размислувате дека сте ја изгубиле сексуалната желба за вашиот партнер. Бидете трпеливи и почекајте да помине пролетта. Сигурни сме дека со почетокот на летото ќе се врати и вашата желба за секс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар