Чудни сообраќајни закони
Целта на сообраќајните правила е да ги натераат возачите да возат одговорно, но и покрај тоа секојдневно по патиштата среќаваме возачи кои предизвикуваат хаос. Властите постојано се во потрага по идеални закони кои еднаш засекогаш ќе го решат овој проблем. При тоа мора да ја стават во погон целата своја креативност, која понекогаш резултира со некои навистина чудни решенија, како овие што следуваат.
1. Едно од најчудните правила важи во Македонија. Во нашиот закон е вметнат еден поим возач – почетник, кој има малку необичен третман. Тоа е возач кој нема наполнето 21 година и нема најмалку двегодишно возачко искуство. Тој не смее да вози моќно возило, не смее да вози со повеќе од 60 км/ч на јавен пат или со повеќе од 100 км/ч на автопат, а во периодот од 23 до 5 часот воопшто не смее да вози. Последното не важи ако покрај себе има лице со наполнети 25 години кое не е под дејство на алкохол или дрога. Се разбира, овие правила не бараат одреден квалитет во возењето ниту самодисциплина од возачот.
2. Ниту виетнамските власти не им веруваат премногу на возачите, особено на странските. Меѓународната возачка дозвола не важи овде, туку ви треба привремена виетнамска возачка дозвола. Ако ве фати полиција без да поседувате таква, ве чека парична казна или максимална казна затвор до три години. Ако, пак, не дај боже, предизвикате несреќа, казните се движат и до десет години затвор.
3. Славниот сообраќаен метеж во Бангкок е предизвик за секој нов градоначалник, па не е изненадување што и овде среќаваме правило кое само придонесува за хаосот. Едно од нив е тоа што во одредени периоди од денот се менува правецот по кој се одвива еднонасочниот сообраќај или пак тој станува двонасочен. Затоа не е чудо ако таму видите возач на огромен камион кој се чуди зошто не може да помине и се обидува да се извлече од непријатната ситуација.
4. Таксистите во Финска не се соочуваат со ваков хаос, но мора да внимаваат да не им биде вклучено радиото додека ги возат клиентите. Причината се авторските права за музиката која се слуша од нивните возила. Радио станиците се оние кои имаат обврска да плаќаат одредени суми на музичарите заради профитот кој го остваруваат од нивниот труд, но финските власти решиле дека и таксистите треба ја имаат истата обврска. Можеби сметаат дека некој се качува во такси заради музиката. Резултатот е разбирлив – нема музика во такси.
5. Паркингот во огромниот Лондон е регулиран од вкупно 32 совети кои го решаваат проблемот на одредена територија. За да биде работата смешна, тие ретко носат правила синхронизирано, па таму се случува паркингот од едната страна на улицата да се плаќа, а од другата да е бесплатен. И казните за погрешно паркирање варираат од еден во друг дел на градот.
6. Во Јужна Африка оние кои водат стадо се закон. Доколку стигнат до јавен пат и сигнализираат дека треба да поминат преку него, возачот е должен веднаш да застане и да сочека овците, козите, свињите, кравите, ноевите, коњите или што и да е, да помине. Непочитувањето на овој закон носи казна од преку 500 долари.
7. Можеби и не звучи толку чудно, но помеѓу бројните забрани за жените во Саудиска Арабија има и таква според која не смеат да возат автомобил или велосипед. Евентуалното прекршување на овој закон ќе ги одведе во затвор. Исто така, таму се добива казна ако не сте муслиман, а возите низ улиците на светиот град Мека.
8. Врвот на законодавната креативност е во САД. Од некои непознати причини властите на некои сојузни држави чувствуваат потреба да воведат некои навистина смешни сообраќајни правила. Така на пример, во Алјаска не смеете да го врзете кучето на покривот од возилото, во Калифорнија е збрането да заспиете на асфалтот, во Конектикат е забрането да ловите директно од автомобилот, а во Мисури не смеете да свирнете на сирената на туѓа кола.
9. Ако останете без гориво на автопат во Германија, нервозата од непријатната случка и можеби непријатното време нема да ви биде најголемиот проблем. Во таков случај ќе бидете соочени со стравот да не налета некој полицаец на вас и да ви изрече казна.
10. Во Монтреал е забрането да паркирате на начин со кој ќе си го блокирате сопствениот пат. Ниту граѓаните не знаат што точно значи ова.
11. Кина има огромни проблеми со загадувањето по индустриската експанзија во последните неколку години, па решиле да му се спротивстават на тоа со еден неконвенционален потег. Со оглед на тоа што треба да се трудите што побрзо да стигнете онаму каде што сте тргнале за да не загадувате многу, никако не смеете да застанете на пешачки премин без разлика колку луѓе чекаат да поминат. Во спротивно ќе добиете казна.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.