Чудни и смешни лекови кои некогаш биле прифатени од општеството
Без сомнение денешната медицина е понапредна од кога било. Иако сè уште има многу за истражување, сигурно се чувствувате многу побезбедно на лекар отколку пред неколку децении. Во продолжение погледнете кои биле најчудните лекови и терапии кои се користеле во минатото.
1. Паста од измет
Ако мислевте дека Црната чума е лоша, „лекот“ за неа бил уште поужасен. Човечкиот измет се мешал со цветни корени и смола и се нанесувал на лимфните жлезди на препоните и под пазувите. Лекот бил одвратен и сè што правел било пренесување други инфекции на и онака болните пациенти.
2. Шок терапија со инсулин
Психијатарот Манфред Сакел ја измислил оваа терапија во 1927-ма година со инјектирање големи дози инсулин на пациенти кои страдале од шизофренија. Психијатриските болници го прифатиле овој метод низ 1940-тите и 1950-тите. Третманот предизвикувал кома која траела со недели.
3. Трепанација
Трепанацијата, која се користи и денес, е процедура при која се отвора дупка во главата на пациентот. Во средновековниот период ова се сметало за добар лек за менталните болести, но лекарите не ги стерилизирале нивните инструменти.
4. Сируп за кашлица од хероин
Не толку одамна, во раниот 20-ти век, хероинот бил ефективна замена за морфиумот. Уште полошо, од него се правел и сируп за кашлица кој бил наменет за деца.
5. Кршени смарагди
Не само што е болно да јадете скапоцени камења, замислете и колку е скапо. Но ако сте биле болни и доволно богати, сте можеле да сомелете неколку смарагди и да направите напивка мешајќи ги со вода.
6. Купка во урина
Во Средниот век многу Европејци мислеле дека урината е вид лек, па верувале дека бањањето во неа е лек за сите симптоми. Некои дури препорачувале пиење 1 до 2 чаши дневно за да се заштитите од болести.
7. Сируп од шеќер
Иако овој лек не звучи одвратно колку другите, во 14-тиот век морало да биде стар барем 10 години. Ова се сметало како лек за чума.
8. Триење на телото со кокошка
Овој метод е смислен од хирургот Томас Викари од Лондон во 16-тиот век. Процесот вклучувал и вадење на задникот на жива кокошка кој потоа се врзувал на лимфните жлезди на пациентот.
9. Пуштање крв
Во 15-тиот век се верувало дека ако на болна личност направите мал засек на крвните садови и испуштите малку крв ќе излечите секакви болести. Излегло дека овој третман бил корисен само за висок крвен притисок.
10. Жешко железо за хемороиди
Иако и некои денешни третмани за хемороиди се болни, барем постои анестезија. Во старо време лекарите ги гореле хемороидите со жешко железо.
11. Клизма со чад од тутун
Тутунот потекнува од Америка и се користел за размена и церемонии. Но кога Англичаните го донеле во Европа, му нашле нова примена – клизма. Се користел за болки во стомакот, настинка, па дури и поспаност.
12. Нанесување прав од сочувство
Во средновековниот период не било реткост да настрадате од меч. Но, не се третирала само раната. Докторите нанесувале и прав на мечот кој го повредил пациентот и се молеле да зарасне раната. Очигледно, овој лек не бил корисен.
13. Жива
Денес е познато дека живата е смртоносна. Но во древна Грција се користела како антисептик, додека во древна Кина постоело верување дека го продолжува животот. Дури и во 20-тиот век живата се користела како лек за сифилис.
14. Паста од глувци
Ако во древен Египет сте имале забоболка, би ве третирале со паста направена од згмечен глушец која се нанесува директно на забот.
15. Отстранување на јазикот
Овој третман се користел дури и во 19-тиот век како лек за пелтечење. Бидејќи со ова се губи и способноста за говор, проблемот на некој начин бил решен.
16. Примитивна анестезија
Овој анестетик бил правен од марула, жолчка, па дури и опиум и се користел во Англија помеѓу 1200 и 1500 година. Се употребувал пред операција за да ги заспие пациентите и функционирал толку добро што понекогаш тие воопшто не се буделе.
17. Поставување наопаку
Можеби Хипократ е познат по заклетвата за денешните доктори, но неговите третмани биле сомнителни. На пример, ако пациентот имал болки во зглобовите или грбот, тој ги закачувал наопаку за да им го истегне грбот со јаже.
18. Масло од змија
За време на градбата на првиот трансконтинентален пат, кинеските работници користеле масло од змија како лек за артритис.
19. Метален катетер
Кога би имале сифилис во 14-тиот век, можеби би биле среќни. Имало третман кој вклучувал уринарен катетер за ослободување на мочниот меур. Единствениот проблем бил тоа што бил направен од метал и бил поставуван директно во мочниот меур преку уринарниот отвор.
20. Вин Мариани
Овој лек бил создаден од францускиот хемичар Анџело Мариани во 1863-та година. Лекот бил мешавина од листови кока и вино Бордо и се мислело дека лекува сè. Исто така, ова вино му го поплочило патот на уште попознат производ од кока – кокаинот.
Погледнете ги и чудните методи против стареење од минатото.