Чудни автомобили направени во Кина

Чудни автомобили направени во Кина

Кинезите се познати по тоа што обожаваат да возат велосипеди и немаат долга традиција на конструирање автомобили. Во обидот брзо да се доближат до европските и јапонските ривали, тие се обидуваат најмногу со имитирање, но имаат и некои вакви иновативни, но истовремено и чудни решенија.

Great Wall Hover π

Овој автомобил е статусен симбол во Кина. Надворешноста е инспирирана од Големиот кинески ѕид, но внатрешноста не е воопшто импресивна споредено со стандардите на европските автомобили. Се произведуваат само по нарачка.Чудни автомобили направени во Кина

BAW Motors Yongshi

Јонгши е не многу моќен теренец, иако милитантниот изглед сугерира нешто друго. Пред сè е наменет за војската, но секој кој има доволно пари може да го нарача за себе.Чудни автомобили направени во Кина

BAW Motors Zhanqi

Жанки е само лоша имитација на култниот Џип Вранглер. Подолг е, погрд и помалку моќен.Чудни автомобили направени во Кина

HNUSP L-DDC

Конструкторите на овој доста чуден автомобил на три тркала никогаш не успеале да го направат и доволно стабилен. Претставуван е на повеќе саеми, но поради овие проблеми никогаш не е пуштен во производство.Чудни автомобили направени во Кина

Zotye Auto JN Model

Според рекламната кампања, акцентот на овој модел е ставен на практичноста на сметка на перформансите. Таа сугерира дека автомобилот треба да е доста комфорен, во него собира огромен товар, а сето тоа го влече мотор со само три цилиндри и 35 коњски сили.Чудни автомобили направени во Кина

Li Shi Guang Ming Detroit Fish

Ова е уникатно дизајниран бавен електричен автомобил кој треба возачот полесно да го пренесе низ сообраќајниот метеж во кинеските метрополи. Чини 5.000 евра.Чудни автомобили направени во Кина

Li Shi Guang Ming the Book of Songs

Додека електричните модели на западноевропските и јапонските произодители веќе достигнуваат извонредни перформанси, моделот „Песнарка“, како што лирски е крстен овој автомобил, достигнува само 45 км/ч. Сепак, го освојува погледот со необичниот дизајн.Чудни автомобили направени во Кина


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар