Чудна музичка зграда во која е тешко би заспале на дождлив ден

Чудна музичка зграда во која тешко би заспале на дождлив ден

Оваа зграда, која како да е произлезена од светот на фантазијата, е една од најнеобичните и најзабавните атракции во студентската област на германскиот град Дрезден. Она што ја прави толку фасцинантна не е само нејзината фасада што изгледа како да е инспирирана од цртаните филмови за Балтазар, туку и тоа што во дождливите денови, таа се претвора во музички инструмент.

Музичката зграда е производ на уметничките движења во дворот Kunsthofpassage каде што станарите создаваат уметност од нивните куќи и згради. Најмногу внимание привлекува зградата која пее.

Чудната зграда во која е тешко да заспиете на дождлив ден

Таа е полна со туристи секогаш кога временските услови се лоши. Кога врне дожд, станарите мораат да се пробиваат низ толпата луѓе за да си влезат во својот дом, кои стојат хипнотизирани од звуците што доаѓаат од цевките поставени на фасадата. Како станарите успеваат да заспијат во дождливите ноќи, можеме само да претпоставиме.

Зградата што пее е дело на станарите – скулпторката Анет Пол и дизајнерите Кристоф Роснер и Андреа Темпел. Тие биле инспирирани од Руб Голдберг и неговите чудни машини. Руб Голдберг е карикатурист, скулптор и писател кој е познат по цртаните филмови и стрипови во кои ликовите користеле сложени механички уреди за извршување едноставни задачи. Така, „Руб Голдберг“ станал синоним за сложено решение на едноставен проблем.

Оваа зграда привлекува туристи во Германија од 1999 година и е една од ретките туристички атракции на отворено што носи насмевка на лицата дури и кога врне дожд.

Чудната зграда во која е тешко да заспиете на дождлив ден

Чудната зграда во која е тешко да заспиете на дождлив ден

Чудната зграда во која е тешко да заспиете на дождлив ден

Чудната зграда во која е тешко да заспиете на дождлив ден

Прочитајте и за европскиот град во кој луѓето од работа до дома се враќаат пливајќи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар