Човековата психа под влијание на социјалните мрежи – колку во суштина сме осамени?

Човековата психа под влијание на социјалните мрежи – колку во суштина сме осамени?

Живееме во време на социјални медиуми каде без проблем собираме бројни пријатели. Но, зачудувачка е поврзаноста на бројот на Фејсбук пријатели и осаменоста во реалниот живот.

Човековата психа под влијание на социјалните мрежи – колку во суштина сме осамени?

Социолошките истражувања покажуваат дека повеќето луѓе не можат интимно да познаваат повеќе од 150 личности, додека бројот на Фејсбук пријатели кај најголемиот дел од корисниците е многу, многу поголем. Зошто толку е важен бројот на пријателства? Да се осврнеме кон модерниот свет каде личноста се оценува според личните достигнувања, богатството, имиџот кој го промовира и начинот на кој ги троши парите. Токму поради ова многумина ги губат социјалните и семејните врски, стремејќи се кон идеалот на себепромовирање и системот на модерно вреднување. Така што воопшто не е изненадувачки фактот што сè повеќе луѓе се чувствуваат осамено и што осаменоста прерасна во најчест елемент на модерниот свет.

Една од причините за нашата осаменост е феноменот на социјалните мрежи. Во свет каде времето е пари, сите ние сме под огромен притисок да постигнеме што е можно повеќе па поради ваквата претерана амбициозност, нашиот друштвен живот е изложен на голем предизвик. Токму тогаш на помош ни доаѓа модерната технологија која навидум е навистина примамлива – ни нуди неверојатно лесен начин на склопување пријателства и одржување на истите, како и пронаоѓање на виртуелна романса.

Токму во денешно време кога лесно собираме пријателства како сликички за во албум, го губиме чувството за разлика меѓу квалитет и квантитет. Така значењето на пријателството преминува во онлајн разговори, размена на слики и лајкнувања. Тука се јавува големиот парадокс – создавање голем број пријателства кога во суштина си осамен.

Колку е различен разговорот во живо со разговорот онлајн? Зад сигурната маска на интернетот самите одбираме како ќе се претставиме себеси, и наместо да се фокусираме на склопување пријателства во вистинскиот живот, ставаме акцент на промовирањето и градењето имиџ на интернет. Станува збор за часови минати во уредување на профилот, одбирање на најдобрите слики, селектирање зборови и изрази пред да се испрати што било. Така социјалните мрежи не само што ги менуваат нашите навики, туку нè менуваат нас.

Кога човек е осамен се осврнува кон социјалните мрежи кои нудат инстант пријателство, луѓе кои те „ценат“ и „сакаат“, место каде твоето мислење се вреднува. Споделување мисли, искуства, слики, уживање во чувството дека си поврзан со светот и дека не си осамен, кога во суштина спротивното се случува. Така, бидејќи не умееме да бидеме сами и да се носиме со фактот дека сме „одделени од мрежата“, ќе мора да научиме да бидеме осамени.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар