Човекот учи додека е жив: 10 најубави цитати за мудроста и знаењето

Човекот учи додека е жив: 10 најубави цитати за мудроста и знаењето

Уште откога постои човекот, мудроста и знаењето се особини кои биле најценети, најбарани и највисоко вреднувани. Па затоа не е чудно што многумина писатели, филозофи, доктори, но и многу непознати луѓе кажале многу убави и вредни мисли за нив. Денес ви споделуваме 10 од најубавите цитати за мудроста и знаењето.

1-chovekot-uchi-dodeka-e-zhiv-10-najubavi-citati-za-mudrosta-i-znaenjeto-www.kafepauza.mk_

„Тоа што го сака, мудрецот го бара во себе. Простиот човек тоа го бара во другите.“ – Конфучие

„Еден разговор со мудар човек вреди повеќе од месеци учење од книга.“ – Кинеска поговорка

„На паметниот човек смешно му е скоро сè, на мудриот скоро ништо.“ – Гете

„Подобро е да разберете малку отколку погрешно да разберете многу.“ – Анатол Франс

„Мудроста е ќерка на искуството.“ – Леонардо Да Винчи

„На разумните им оди сè кон подобро, а неразумните или остануваат какви што биле или (што е повеќе веројатно), ако не се подобрат – нив им оди сè полошо.“ – Доситеј Обрадовиќ

2-chovekot-uchi-dodeka-e-zhiv-10-najubavi-citati-za-mudrosta-i-znaenjeto-www.kafepauza.mk_

„Кој ги познава другите, бистар е. Кој се познава себеси, мудар е.

„Кој ќе ги победи другите, насилен е. Кој ќе се победи себеси, силен е. Кој ќе се повреди себеси, моќен е. Кој си е доволен сам на себе, богат е. Кој ќе ја задржи позицијата, трпелив е. Кој нема да ја изгуби свеста за смртта, и понатаму живее.“ – Лао Це

„Треба да сте многу мудри, за да знаете да остарете без грдотија, без пакост и тага – три кобни работи кои одат заедно.“ – Јован Дучиќ

„Победата над стравот е почеток на мудроста.“ – Бертранд Расел

„Човекот никогаш не може да каже толку мудрости, колку што може да премолчи лудости.“ – Јован Дучиќ


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар