Читате пред спиење? Еве што кажува тоа за вас

Читате пред спиење? Еве што кажува тоа за вас

Што правите последно пред да си легнете да спиете? Проверувате што има на Инстаграм? Маратонски ја гледате вашата омилена ТВ серија? Или можеби си грицкате некоја ужинка? Ако пак, сакате да отворите книга веднаш штом се оптегнете на чаршафот, тоа кажува нешто за вашата личност. Всушност, сите овие мали навики што сите ги имаме зборуваат повеќе за нас одошто би можеле да претпоставиме.

Читате пред спиење? Еве што кажува тоа за вас

Кејти Зискинд, лиценциран брачен и семеен терапевт, вели дека доколку чувате куп книги на вашата наткасна кои едвај чекате да ги фатите во рака штом си легнете да спиете, тоа значи дека сте интелектуална, аналитична личност која се грижи за себе. Иако за многумина, читањето пред спиење може да делува како да сте бубалица или домашар, во суштина значи дека имате развиено здрава вештина за опуштање и заспивање.

Зискинд додава дека читањето е мисловна активност и доколку тоа е нешто што сакате да го правите пред спиење, значи дека сте личност која сака да биде ментално стимулирана.

Но, покрај ова, читањето пред спиење открива и некои поспецифични карактеристики на личноста. Според д-р Ким Кристофер, оваа навика се поврзува со луѓето кои имаат INFJ тип на личност според тестот Маерс-Бригс, што значи дека се интуитивни, грижливи и осудувачки настроени. Дополнително, луѓето кои сакаат да читаат кога ќе си легнат обично се поинтровертни и следствено, повеќе се полнат со енергија кога поминуваат време сами со себе. Тие често ги донесуваат одлуките на организиран начин, врз база на нивните чувства и вредности, а не спонтано и непланирано.

Ник Хобсон, бихејвиорален научник и предавач на Универзитетот во Торонто, пак, додава дека лакомите читачи се генерално личности со отворен поглед.

„Конкретно, постои една карактерна особина што ја нарекуваме ‘отвореност кон искуства’. Луѓето кај кои оваа особина е високо изразена обично уживаат во разни форми на уметност и литература, а особено белетристика. Како што вели и самиот термин, овие луѓе трагаат по нови искуства и се отворени за нив. Тие чувствуваат задоволство од искусувањето на романот, како и на различното, што ги вклучува приказните и литературата.“

За Хобсон, читањето пред спиење означува дека се работи за личност која е посвесна и емотивно стабилна. Овие луѓе прават ритуал од читањето и на тој начин создаваат одредена предвидливост во нивниот секојдневен живот. Уредноста во навиките е природен ослободувач на анксиозноста, а чувството на смиреност е одлично за моментите кога ќе ја ставите главата на перница.

Доколку ја имате оваа навика, според Хајди Бекбејн, лиценциран терапевт за брак и семејство, може да значи дека барате здраво бегство од секојдневната рутина, што е одличен начин да си покажете грижа кон себеси. Сѐ додека не читате нешто што ве тера бесно да вртите страница по страница и ве остава без добар сон, ова е пожелен ноќен ритуал.

Прочитајте и на кој начин љубителите на читањето размислуваат поинаку од останатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар