Четири сестри обновуваат фотографии од детството
Веќе имавте можност да ја прочитате приказната за другарите кои се фотографираат на иста локација на секои 5 години. Овој пат станува збор за фотографката Вилма Хурскаинен од Хелсинки, која ги замолила своите 3 сестри да обноват триесетина фотографии од нивното детство, кои ги направил нивниот татко.Таа сакала секоја нова фотографија да биде колку што е можно послична со старата. Така тие се сликале буквално на истата локација, облечени во многу слична облека, позиционирани секоја на своето место, дури и имитирајќи ги истите фацијални експресии.
„Има нешто тажно, дури и трагично, кога се гледаат овие стари фотографии споредбено со новите, гледајќи како луѓето и работите се промениле. Покрај сѐ, се вели дека времето е прифатено како единица мерка за мерење на животот, затоа што луѓето не се во можност, но и не ни сакаат да си ги видат промените.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Mnogu interesno 😀
Super ideq…