Чешки бар во кој наместо келнери ве служат вовчиња

Чешки бар во кој наместо келнери ве служат вовчиња

Чешкиот бар „Vytopna“, згодните келнерки ги заменил со вовчиња-играчки. Инсталирал високотехнолошки модел на железничка пруга, во должина од 400 метри. Жедните гости ги послужуваат програмирани вовчиња, чии вагони се натоварени со нарачките. За да стигнат до нив и да им ги однесат пијалаците, тие минуваат низ тунели, градови и шуми. Инсталацијата е комплетна, идејата автентична, а резултатот фасцинантен. Чешки бар во кој наместо келнери ве служат вовчиња

„Возовите се направени да испуштаат најразлични звуци. Персоналот знае точно колава е нивната брзина и ја регулира уште пред да ги натовари пијачките и да ги испорача до гостите. Претходно, електронски ги подесува вовчињата, во кој дел од шанкот тие да застанат. Сосема е лесно да се работи со нив“, вели менаџерот на барот, Томас Цекава.

Чешки бар во кој наместо келнери ве служат вовчињаПреку следното видео погледнете како функционира новиот високотехнолошки систем на чешкиот бар:


Оваа необична инвестиција е вредна речиси 700.000 американски долари. Па, ако некогаш ве води патот во Прага, вреди да го посетите овој оригинален бар, каде пијачките никогаш не доцнат :-).


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар