Чекор по чекор: Направете сами уникатен ѓердан од тексас
Тексасот одамна не е резервиран само за панталоните и јакните. Сега и накитот од овој материјал е во тренд. Следете ги овие чекори, бидете вешти и создајте си уникатен ѓердан.
За негова подготовка, потребно ви е:
- Исечена лента од рабовите на фармерките
- Декоративни елементи од метал или пластика
- Материјал за подлога
- Копчиња
- Лепило
- Ножици
Еве на кој начин да го направите ова:
1. Исечете ленти од рабовите на фармерките. Нанесете лепило на нив и завиткајте ги, а посебно водете сметка за тоа добро да ги прицврстите краевите. Може да бидат рамни или малку повеќе надуени, во зависност од вашиот вкус.
2. Со помош на лепило направете мали „полжави“ и оставете ги да се исушат.
3. Нацртајте го обликот на ѓердан на подлога од цврсто платно.
4. Потоа исечете го добиениот облик.
5. На внатрешната страна на подлогата со лепило прицврстете го ѓерданот.
6. Потоа со лепило зацврстете ги и направените „полжави“ на подлогата, па додајте ги копчињата и алка за закачување.
7. На крај, украсете го предниот дел на ѓерданот со декоративни детали – циркони, цветчиња, монисти и други по ваша желба.