Чанти за лаптоп кои би посакале да ги имате

Чанти за лаптоп кои би посакале да ги имате

Многу луѓе живеат во брз чекор, земајќи ја со себе софистицираната мултифункционална машина т.н. лаптоп, каде и да одат. Поврзан на безжична конекција, тој стана неопходна алатка во модерното време, но преносливоста го зголемува ризикот за негово оштетување.

Се прашувате како да го заштитите вашиот лаптоп, а истовремено да изгледате кул?

Чанти за лаптоп кои би посакале да ги иматеЧанти за лаптоп кои би посакале да ги имате

Стилска и модерна чанта за лаптоп која може да се менува во дури 8 различни облици. Можете да ја носите како актовка, торба, ранец, поштенска чанта, преку рамо или како плик. Собира 17 инчен лаптоп, но ако ја здиплите на половина ќе ви пасува и нетбукот. Во неа има доволно простор и за списанија, книги, тефтери или папки.

Чанти за лаптоп кои би посакале да ги иматеЧанти за лаптоп кои би посакале да ги имате

Друга креативна и интересна навлака за лаптоп, е дизајнот во облик на кошула со вратоврска, со корисно џепче за пенкало однапред. Ова е совршен додаток за вашиот лаптоп, со кој ќе ги импресионирате момците во вашата канцеларија.

Чанти за лаптоп кои би посакале да ги иматеЧанти за лаптоп кои би посакале да ги имате

Оваа торба за лаптоп е со прилично футуристички изглед. Таа се фиксира на грбот на оној кој ја носи и на тој начин ги намалува шансите за удари на компјутерот.

Чанти за лаптоп кои би посакале да ги имате

Чантата во форма на аудио касета е одличен избор за оние кои преферираат ретро стил.

Чанти за лаптоп кои би посакале да ги имате

Овој ранец за лаптоп има вграден полнач на соларна енергија, така што сé додека има сонце, нема да ви се случи да останете со празна батерија.

Чанти за лаптоп кои би посакале да ги имате

Моделот на навлака кој ја имитира папката My documents, е интересен додаток за оние кои сакаат да изгледаат интересно и несекојдневно.

Чанти за лаптоп кои би посакале да ги имате

Љубител сте на „заразната“ играчка нинтендо? Сега имате можност да го сместите вашиот лаптоп во обвивка, која е скроена во стилот на легендарниот џоистик.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар