Целиот живот го поминуваме во заблуда: Од што се плашиме, а од што би требало да се плашиме?

Целиот живот го поминуваме во заблуда: Од што се плашиме, а од што би требало да се плашиме?

Секој човек се плаши од нешто: Од пајаци, авиони, височина и слично. Најчесто овој страв е нерационален и не е поврзан со никаква вистинска опасност по живот. За разлика од овие нелогични стравови, постојат работи од кои навистина би требало да се плашиме, бидејќи според статистичките податоци тие се најголемите причинители на смртта кај луѓето. Во продолжение погледнете ја споредбата помеѓу најчестите стравови на луѓето од една страна и најголемите виновници за смртта на луѓето од друга страна…

Пајаци наспроти супербактерии

Целиот живот го поминуваме во заблуда: Од што се плашиме, а од што би требало да се плашиме?

Иако луѓето најчесто се плашат од смртоносни пајаци, на годишно ниво луѓето почесто умираат од супербактерии отпорни на антибиотици. Во 2011 година во САД, 23.000 луѓе умреле од супербактерии, а само тројца од смртоносни пајаци.

Авиони наспроти возови

Целиот живот го поминуваме во заблуда: Од што се плашиме, а од што би требало да се плашиме?

Луѓето повеќе се плашат од авиони отколку од возови, но вистината е дека најголемиот број несреќи се поврзани со возови. Сепак, факт е дека во авионските несреќи страдаат повеќе луѓе. Треба да се земе предвид и тоа што поголемиот број од тие несреќи се случиле со приватни авиони. Минатата година во САД, 797 луѓе настрадале во железнички несреќи, а 898 во авионски.

Планини и молњи

Целиот живот го поминуваме во заблуда: Од што се плашиме, а од што би требало да се плашиме?

Можеби сте чуле дека кога одите на планинарење треба да се чувате од молњи бидејќи се наоѓате на поголема висина. Всушност, многу малку луѓе умираат на тој начин. Пред 3 години, 23 луѓе умреле од удар на гром на планина, додека, пак, повеќе луѓе го загубиле животот во јули, месецот познат по најголемиот број бури со грмотевици. Поради високите температури и промената на воздушниот притисок овие бури се почести во овој месец и без оглед на тоа каде сте, тогаш ризикот од удар на гром е најголем.

Алкохол наспроти цигари

Целиот живот го поминуваме во заблуда: Од што се плашиме, а од што би требало да се плашиме?

Иако повеќе се говори за опасностите по живот предизвикани од алкохолот, цигарите се дефинитивно поголемиот убиец. Од нив во 2014 година умреле речиси половина милион луѓе, односно 480.000, а од алкохол 88.000.

Дијабетес наспроти Алцхајмерова болест

Целиот живот го поминуваме во заблуда: Од што се плашиме, а од што би требало да се плашиме?

Слично како со цигарите и алкохолот, во светот многу повеќе се знае за дијабетес отколку за Алцхајмерова болест. Но, токму таа болест годишно носи значително повеќе животи. Имено, минатата година во САД, 84.974 луѓе починале од Алцхајмерова болест, а 75.578 од дијабетес.

Ајкула наспроти комарец

Целиот живот го поминуваме во заблуда: Од што се плашиме, а од што би требало да се плашиме?

Освен тоа што е неверојатно досаден, повеќето луѓе не го сметаат комарецот за опасен инсект. Но, самата помисла на ајкула кај многу луѓе предизвикува страв и трепет. Сепак, од болестите кои ги пренесува комарецот, особено од маларија, годишно умираат околу 725.000 луѓе. Ајкулата годишно убива десетина луѓе.

Волк наспроти куче

Целиот живот го поминуваме во заблуда: Од што се плашиме, а од што би требало да се плашиме?

Волците делуваат страшно и нивната појава предизвикува страв кај многу луѓе, но статистиката покажува дека обичните кучиња се поголеми причинители на смрт, веројатно поради нивната поголема застапеност во населени места. Во секој случај, 10 луѓе годишно умираат од волк, а 25.000 луѓе од куче.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар