Целиот свет треба да дознае за овој неверојатен човек

Целиот свет треба да дознае за овој неверојатен човек

Многумина од вас сигурно веќе ги виделе овие фотографии кои го преплавија Интернетот. Но, само мал број луѓе го знаат името на овој човек и неговата мисија. Човекот со најголемо срце кој служи како вистински пример за тоа како да се остане добродушен и дарежлив во денешниот свет каде владеат испревртени вредности.

Целиот свет треба да дознае за овој неверојатен човек

Тој се вика Добри Добрев, познат како дедо Добри. Има 101 година и живее во малото бугарско село Баилово. Во текот на целиот негов живот, овој скромен човек собирал милостина која ја давал во добротворни цели. Целта на неговата мисија е да собере средства за реставрација на црквите и манастирите во цела Бугарија.

(1) Целиот свет треба да дознае за овој неверојатен човек

Дедо Добри никогаш не задржал за себе ништо од парите што му ги давале луѓето. Живее од својата месечна пензија која изнесува 100 евра и од непарични донации како прехранбени продукти и облека. Во 2010, бугарската телевизија направила документарец за катедралата „Александар Невски“ во Софија. Еден новинар кој бил вклучен во истражувањето, додека пребарувал во архивите дошол до неверојатно откритие дека највеликодушната приватна донација која некогаш била направена за катедралата а изнесувала 20.000 евра, била направена од некој стар просјак, дедо Добри.

(2) Целиот свет треба да дознае за овој неверојатен човек

Дедо Добри им помага на сите кои имаат потреба од помош – еднаш ги платил сметките на сиропиталиште кое немало ниту греење ниту струја. Им дава пари на бездомници и на сите други кои се соочуваат со суровоста на бедниот живот. И којзнае уште колку вакви добрини има направено овој голем човек! Најверојатно и никогаш нема да дознаеме, бидејќи светецот од Баилово никогаш не зборува за нив.

(3) Целиот свет треба да дознае за овој неверојатен човек

Овој навистина неверојатен човек и неговите големи дела треба да послужат како инспирација за сите луѓе кои мислат дека им е тешко и само што не се откажале од животната борба. Запаметете дека секогаш има некој на кого му е полошо од вас и на кого му е потребна вашата помош. Помагајте секогаш кога можете. Потребно е многу малку од вашата волја и труд за да дадете придонес во универзалната мисија да се направи светот подобро место за живеење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар