Целиот Интернет се смее на оваа 23-годишна скриена порака во тоалетот на еден пар

Целиот Интернет се смее на оваа 23-годишна скриена порака во тоалетот на еден пар

Алекс и Џес Монеј, пар од Калифорнија, го реновирале својот тоалет кога откриле нешто неверојатно. И покрај тоа што сите ние си ги сметаме местата каде што живееме за домови, и тие ни делуваат како да се наши, понекогаш добиваме потсетници дека и други луѓе на времето го нарекувале овој простор дом и имале силна поврзаност со него.

Токму ова се докажало и преку откритието на парот. Имено, тие пронашле скриена порака на ѕидот во тоалетот од господин и госпоѓа Шинсеки, претходните сопственици на куќата. Заедно со слатка слика од нив двајца, тие едноставно сакале да знаат што било толку лошо со начинот на кој тие го средиле тоалетот?

Здраво! Ние сме семејството Шинсеки! Ние го реновиравме овој тоалет летото во 1995 година. Ако го читате ова, тоа значи дека вие повторно го реновирате тоалетот. Што е лошо со начинот на кој ние го направивме тоа???

Нивната порака вклучувала и слика од зајчето што тие го чувале, заедно со коментар од него дека бил добро истрениран.

Здраво! Јас сум Кејси, зајчето. И јас живеев тука! (истренирано сум за вршење нужда!) Ќе станам следното кадбери зајче!

Откако го споделиле своето откритие на Твитер, приказната на Алекс и Џес брзо станала вирална и ги инспирирала луѓето ширум целиот свет да ги споделат своите бизарни остатоци од претходните сопственици на нивните домови. Но, најважното прашање во целата оваа приказна е кои се Шинсеки и каде живеат сега? Како и дали нивниот зајак е сè уште жив?

Интернетот веќе е во масивна потрага на ова семејство, па се надеваме дека ќе успеат да ги пронајдат овие забавни луѓе затоа што Алекс и Џес имаат уште една порака за нив:

Вашиот тоалет, како и домот, е прекрасен. Ни даде многу убави сеќавања и едвај чекаме да го растеме нашето мало девојче тука. Се извинуваме што го менуваме тоалетот, но тушот е премногу мал за мене и не ме собира (јас сум висок 1,82 а сопругата е 1,52). Ви благодариме за прекрасното изненадување.

Во секој случај, реновирањето на тоалетот изгледа навистина одлично!

Прочитајте и за оваа девојка која била сексуално нападната на улица, но нејзиниот напаѓач не знаел важен детаљ за неа!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар