Бунтовнички цитати кои ќе ви докажат дека понекогаш добро е да западнете во неволја
Понекогаш во животот не е толку лошо да западнете во неволја. Здодевно е кога постојано се однесувате примерно и ги почитувате сите правила. Правилата се направени за да се прекршат, се согласувате? Освен тоа, лошите девојки секогаш имаат добри приказни за раскажување. Прочитајте ги следниве бунтовнички цитати кои ќе ја разбудат вашата дива страна…
„Научете ги правилата како експерти, за да можете да ги прекршите како уметници.“ – Пабло Пикасо
„Секое утро кога ќе се разбудите кажете си дека сте опасни бунтовници излезени од пеколот и дека никој не можете да си игра со вас, а потоа навистина не дозволувајте никому да си игра со вас.“ – Кејт Неш
„Никогаш не смеете да се однесувате како вашиот живот да му припаѓа на некој маж. Вашиот живот ви припаѓа само вам и на никој друг.“ – Чимаманда Адичи
„Да бидете свои во свет кој постојано се обидува да ве претвори во нешто друго е најголемото достигнување.“ – Ралф Валдо Емерсон
„Изградете си ги вашите соништа инаку некој друг ќе ве вработи да ги изградите неговите.“ – Фара Греј
„Јас кажувам дали сум убава. Јас кажувам дали сум силна. Вие нема да ја одредите мојата приказна – јас ќе го сторам тоа.“ – Ејми Шумер
„Лошите девојки ги завршуваат работите.“ – Тина Феј
„Ако им се потчинувате на сите правила, ќе ја пропуштите целата забава.“ – Кетрин Хепберн
„Секако дека не се грижам околу тоа дали ги плашам мажите. Оние мажи кои се плашат од мене се мажите за кои воопшто не сум заинтересирана.“ – Чимаманда Адичи
„Еднаш бунтовник, секогаш бунтовник. Ако сте такви, не можете да си помогнете. Не можете да го одречете тоа. И најдобро е да бидете бунтовници за да им покажете на другите дека не им се исплати да пробуваат да ве поразат.“ – Алан Силитоу
„Вашиот најдобар пријател не е оној кому се јавувате кога сте во затвор, туку оној кој седи до вас во ќелијата.“ – Ајрин С. Левин
„Сонувајте како да ќе живеете засекогаш, живејте како да ќе умрете денес.“ – Џејмс Дин
„Не е моја одговорност да бидам убава. Не живеам со таа цел. Моето постоење не се врти околу тоа колку сум ти привлечна.“ – Варсан Шајр
„Жените се секогаш во првите фронтови на револуцијата.“ – Ботајна Камел
„Спијте до доцна, забавувајте се, откачете, пијте виски и возете брзо на празни улици. Не мислете на ништо, освен на вљубувањето и на тоа да не ве уапсат.“ – Хантер С. Томпсон
„Ќе бидете запаметени по правилата што ќе ги прекршите.“ – Даглас МекАртур
Прочитајте ги и следниве 10 цитати од славни дами кои нагло го промениле својот живот.