Бунарот на вештерката

Бунарот на вештерката

„Бунарот на вештерката“ е несекојдневно атрактивно место во естонското село Тухала. Овој бунар во поголемиот дел од времето изгледа многу нормално и не е поразличен од кој било друг. Но кога има силен наплив, тој почнува да исфрла огромни количини вода над површината и го поплавува целиот предел околу него. Според легендата, вештерките од Тухала се собираат во подземната сауна и меѓусебно жестоко се тепаат со брезови гранчиња, несвесни за урнебесот што го предизвикуваат на површината.

Бунарот на вештерката

Вистината е дека бунарот се наоѓа над подземна река, а не дека станува збор за некаква чудна „ферка“ помеѓу вештерки :). Кога поројните дождови ќе го преполнат коритото на реката, притисокот на водата станува толку силен, што од бунарот почнува да блика огромна количина вода. Ова чудо на природата најчесто трае неколку дена.

Бунарот на вештерката

Бунарот е само 2,5 метра длабок, но поради силниот подземен притисок, млазот вода може да достигне висина до половина метар над површината. Се вели дека од овој бунар може да се излеат до неверојатни 100 литри вода во секоја секунда.

Бунарот на вештерката

„Бунарот на вештерката“ кога нема прелевање на вода

Но, бунарот не кипи после секој посилен дожд. Последен пат тоа се случило во април, 2010, а претпоследен пат во 2008, по пауза од 3 години.

Бунарот на вештерката

„Бунарот на вештерката„ е многу популарен во Европа и секоја година е посетуван од 15.000 – 20.000 љубители на дивата природа, вклучително и голем број туристи кои одат на крстарење низ светот и доаѓаат да го посетат атрактивното место.

Бунарот на вештеркатаБунарот на вештеркатаБунарот на вештеркатаБунарот на вештерката

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. A.Westwick Reply

    Aaaaa jako jako 🙂 sakam da go posetam!

Остави коментар