Будалести мисли што ѝ проаѓаат низ глава на секоја сингл девојка
Кога сте сингл, сешто ви паѓа на памет – светот на мажите е пред вашите нозе, сите добри момци се веќе зафатени, никој не ве забележува, ве покануваат на состанок само погрешни момчиња, можеби треба да прифатите некој кому му се допаѓате без оглед на тоа што тој не ви се допаѓа вам… Еве неколку вообичаени будалести мисли кои постојано ги обземаат слободните девојки за време на нивната потрага по совршен партнер.
1. Сабота навечер, кога имате сјајни планови
Иако само излегувате со вашата другарка на некое вообичаено место, во дискотека, на некоја свирка – кој знае што може да се случи! Можеби вечерва ќе запознаете некој посебен, можеби ќе ја започнете љубовната приказна на вашиот живот, можеби ќе си поминете најдобро во вашиот живот… Животот е толку возбудлив!
2. Кога ќе забележите привлечно момче во градскиот превоз
Ве забележува и тој, разменувате погледи, се набљудувате и таман кога фантазијата ќе започне да се разгорува, забележувате дека тој има бурма на прстот. Веднаш се лутите, бидејќи тој се појавува сам и дополнително додава сол на вашите рани, мамејќи ве со неговиот љубопитен поглед. Му препорачувате да оди дома кај својата сопруга и да ѝ каже дека не треба да го пушта да оди никаде сам.
3. Кога ќе видите вереничка објава на Фејсбук
Ух, се вериле, баш е слатко, толку оригинално – сарказмот ви излегува низ густ млаз од вас. Одвај чекате да ги видите фотографиите од венчавката и уште толку да си забиете нож во срцето, а тоа е уште една причина за да ги избришете од пријатели оние кои ја објавиле својата веридба. И уште размислувате за тоа дека кога вие ќе објавите ваква слатка новост, повеќе ќе немате никого во пријатели освен вашите баба и дедо, кои повеќе нема да знаат за себе, а камоли за тоа дека нивната внука конечно се верила.
4. Кога се подготвувате за патување
Ново место, нови луѓе, патување – некој ќе седне покрај вас, можеби некое занимливо момче, можеби човекот на вашиот живот. Можеби вашиот иден сопруг ве чека таму каде што сте се упатиле. Сите ваши радари се вклучени, а очекувањата ви се на максимум. Знаете вие дека тоа не е реално, но зошто да не би уживале во таа слатка состојба на исчекување?
5. Или кога одите во маркет
Па целосно се средувате, бидејќи патем можете да го видите Него. Или намерно не се средувате, бидејќи ако му се допаднете во тренерки и со несредена пунџа која ја носите во домашна атмосфера, тогаш тоа е вистинска љубов. Авантура е да отидете до маркетот со срцето на дланка.
6. Кога сте во ПМС
Како би можел некој да ве сака, намуртени сте, што и да облечете изгледате грозно, зрачите со шилци кои бодат на сите страни. Најверојатно нема баш тогаш да запознаете некој неодолив, бидејќи тоа тотално ќе ве онерасположи. Вие сте една невозможна личност и никогаш нема да ви пријде некој нормален.
7. Кога сте во плодни денови
Сите ве гледаат, сите реагираат на вас, секако, кога сте тотално фантастична! Се чувствувате секси и полни со енергија, а прашање е кога во нечиј поглед ќе препознаете искрено восхитување и желба да ве обожава до крајот на животот.
8. Кога ќе видите момче од вашите соништа со некоја обична девојка
Но вие сте толку поубава од неа, освен тоа што сигурно сте десет пати позанимлива личност. Се прашувате што правите погрешно. Можеби треба да ви израсне уште еден нос за да ве забележи ова момче. На крај се запрашувате што тој гледа во неа?
9. Кога гледате некоја драма во која сѐ ве потсетува на вас
Еве, некој ве разбира, писателот, сценаристот, најверојатно. Единствено со телевизијата пронаоѓате некоја потврда за тоа дека не сте вонземјанец и дека постојат луѓе како вас. Во животот и луѓето околу себе, никако.
Прочитајте ги и овие 10 работи кои секоја сингл девојка си ги има кажано барем еднаш.