Брзо и едноставно: Направете новогодишен и божиќен венец од закачалка и стари лампиони

Брзо и едноставно: Направете новогодишен и божиќен венец од закачалка и стари лампиони

Многумина во текот на овие денови ги „фаќа“ претпразнична грозница за уредување на домот. Сите ние сакаме новогодишното чувство да трае подолго, па со радост избираме предмети со кои ќе го украсиме нашиот дом. Нив пак, не мора нужно да ги купуваме, туку можеме да го искористиме материјалот кој веќе го имаме дома. Во продолжение дознајте како брзо и лесно можете самите да направите прекрасен новогодишен венец за влезната врата од домот.

1-tolku-lesno-napravete-bozhikjen-venec-od-zakachalka-i-stari-lampioni-www.kafepauza.mk_

Потребни материјали:

  • Закачалка од жица
  • Стари лампиони
  • Силикон или посилно лепило

Начин на изработка:

2-tolku-lesno-napravete-bozhikjen-venec-od-zakachalka-i-stari-lampioni-www.kafepauza.mk_

1. Земете ја обичната закачалка и свиткајте ја во круг како што е прикажано на фотографијата. Овие закачалки често ги добиваме после хемиското чистење, но може да се купат и во специјализираните продавници.

2. Нанесете малку лепило под секоја „рачка“ на лампионот за да спречите да се одвои од самиот лампион откако ќе ги поставите на жицата.

3. Со помош на клешти одвиткајте го врвот на закачалката и потоа нижете ги лампионите на жицата, а бојата на лампионите изберете ја по сопствена желба.

4. Редете ги лампионите сѐ додека не дојдете до близина на крајот од жицата. Мора да ви остане доволно жица за да го зацврстите врвот на венецот.

Ако сакате, можете да го украсите венецот со вештачко зеленило или пак со некои други предмети. Исто така, ви предлагаме и уште една интересна идеја, односно направете декоративен венец од ролни од тоалетна хартија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар