Претходно
Брод кој магично лебди над површината на водата
Уште веднаш да ви кажеме дека оваа фотографија не е „фотошопирана“. Но, што всушност се случува на неа? Дали бродот навистина лебди над водата? Дали станува збор за некакво волшепство?Повторно илузијата прави трик со нашиот мозок. Ако подобро се загледате во фотографијата ќе забележите дека водата всушност е толку перфектно чиста и бистра, што прави бродот да изгледа како да лебди. Не сме сигурни каде точно се наоѓа ова магично место, но според еден коментатор на сервисот за споделување фотографии „Imgur“, станува збор за местото One House Bay, на грчкиот остров Атокос.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.