Брилијантни цитати од книгата „Да се убие подбивната птица“ кои засекогаш ќе останат со нас

Брилијантни цитати од книгата „Да се убие подбивната птица“ кои засекогаш ќе останат со нас

Добитничката на Пулицерова награда за книгата „Да се убие подбивната птица“, Харпер Ли, почина на 89-годишна возраст во својот дом. Новелата на Ли за проблемите со расизмот во Америка била објавена во 1960-тите и постигнала истовремено и критички и комерцијален успех. Таа до ден денес се смета за класика и една од најмоќните книги досега напишани.

15 брилијантни цитати од книгата „Да се убие подбивната птица“ кои засекогаш ќе останат со нас

Раскажувана од страна на 6-годишната Скаут, новелата се врти околу нејзиниот татко, Атикус Финч, кој е адвокат во мал град и брани црнец кој бил обвинет за силување бела жена. По патот, новелата директно ги посочува расните предрасуди, животот во тоа време, како и предизвиците за раст и развој. Во своето срце, станува збор за приказна за борбата за правда која ги освоила истовремено и децата и возрасните.

Дури и самата Ли се изненадила од успехот кој нејзината новела го постигнал, велејќи: „Никогаш не очекував каков било успех“, дополнувајќи дека се надевала за брза и милослива смрт од страна на критичарите. Но, оваа книга содржи многу повеќе од моќна приказна – таа е исполнета и со голем број мудрости кои можат да ни помогнат полесно да се справиме со битките во нашето секојдневие. Тоа е уште една причина зошто новелата постигнала толку голем успех. Еве дел од нив:

„Единственото нешто кое не се придржува до мнозинското владеење е свеста на личноста.“

„Вие никогаш не можете вистински да запознаете одредена личност сè додека не ги погледнете нештата од нејзината перспектива… Сè додека не влезете во нејзината кожа и не почнете да одите наоколу со неа.“

„Вистинска храброст е кога знаете сте победени пред да почнете, но сепак почнувате и се обидувате да ја постигнете вашата цел без разлика на сè.

(1) 15 брилијантни цитати од книгата „Да се убие подбивната птица“ кои засекогаш ќе останат со нас

„Луѓето кои се со добра состојба на умот никогаш не наоѓаат гордост во своите таленти.“

„Понекогаш Библијата во рацете на еден човек е полоша од шише виски во рацете на друг… Едноставно постојат одреден вид луѓе кои – кои се толку зафатени со грижата за следниот свет што никогаш не учат да живеат во овој, и можете да погледнете околу вас и да ги видите резултатите.“

„Никогаш не е навреда да ве наречат онака како што некој верува дека е лошо. Тоа само покажува колку е сиромашна таа личност, затоа и не треба да ве повреди.“

(2) 15 брилијантни цитати од книгата „Да се убие подбивната птица“ кои засекогаш ќе останат со нас

„Ние го плаќаме највисокиот данок кој можете да му го платите на човек. Ние веруваме дека тој ќе го направи правилното. Толку е едноставно.“

„Сè додека се плашев дека би можелa да го изгубам, никогаш не го сакав читањето. Човек едноставно не сака да дише.“

„Како што растете, секогаш кажувајте ја вистината, не им правете зло на другите и не верувајте дека сте најважното суштество на оваа планета. Богати или сиромашни, само така ќе можете да погледнете некој во очи и да кажете: „Јас најверојатно не сум подобар од тебе, но со сигурност не сме ни еднакви.“

(3) 15 брилијантни цитати од книгата „Да се убие подбивната птица“ кои засекогаш ќе останат со нас

„Мислам дека постојат само еден вид луѓе. Луѓе.“

„Само затоа што сме биле победени стотици години пред да почнеме, не мора да значи дека не треба да се обидеме да победиме сега.“

„Пред да можам да живеам со други луѓе, мора прво да научам да живеам со себеси.“

(4) 15 брилијантни цитати од книгата „Да се убие подбивната птица“ кои засекогаш ќе останат со нас

„Нештата се секогаш подобри наутро.“

„Вие само држете ја главата високо исправена и чувајте ги тупаниците надолу. Без разлика што ќе ви каже некој, не им дозволувајте да ве изнервираат. Обидете се да се борите со вашата глава за промена.“

„Подај ја проклетата шунка, те молам.“

(5) 15 брилијантни цитати од книгата „Да се убие подбивната птица“ кои засекогаш ќе останат со нас


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар