Брачни изјави и шеги што ќе ве насмеат и ќе ви го разубават денот

Брачни изјави и шеги што ќе ве насмеат и ќе ви го разубават денот

Бракот е заедница која му е потреба секому. Сопружниците помеѓу себе треба да си овозможат поддршка, љубов и внимание. Партнерите треба да уживаат во нивната брачна заедница, но сепак, постојат многу шеги на сметка на бракот. Во продолжение погледнете некои од нив кои ќе ве насмеат и ќе ви го разубават денот.

Шеги во врска со бракот кои ќе ве насмеат и ќе ви го разубават денот

„Фотографот ни кажуваше мене и на мојот сопруг како да се наместиме за свадбените фотографии, па праша: ‘Дали некогаш сте биле модел?’ Моите образи се вцрвенија и реков: ‘Не, не сум била, но отсекогаш мислев…’ А фотографот ме прекина: ‘Јас мислев на вашиот сопруг.’“

„Домаќинот на забавата ми даде одличен комплимент: ‘Вие сте жена која изгледа добро. Искрено, испив само едно пиво’. На ова мојот сопруг рече; ‘Замисли колку добро изгледа после испиени две пива’.“

Некој брачен пар седел во дневната соба, пиејќи вино. Одеднаш, жената рекла „Те сакам“. „Дали зборуваш ти или виното?“ прашал мажот. Жената на ова одговорила: „Јас. Му зборувам на виното.“

По поминати 12 години во затвор, еден човек конечно излегол. Кога се вратил дома, валкан и исцрпен, неговата сопруга рекла: „Каде беше? Избега пред осум часа!“

„Ја прашав мојата сопруга каде сака да оди за нашата годишнина, а таа ми рече дека би сакала да оди на некое место каде што никогаш не била. ‘Што би рекла за кујната?’ ѝ реков јас.“

Еден човек му рекол на својот пријател дека неговата жена е на 3-неделна диета. „Навистина? Колку изгуби досега?“ прашал пријателот, а на тоа човекот одговорил: „2 недели“.

Шеги во врска со бракот кои ќе ве насмеат и ќе ви го разубават денот

Утрото на нејзиниот роденден, една жена му рекла на својот сопруг: „Сонував дека си ми дал дијамантски ѓердан. Што мислиш дека значи тоа?“ На ова сопругот одговорил: „Можеби ќе го најдеш вечерва“. Таа вечер мажот се вратил дома со мал завиткан подарок и ѝ го дал на својата сопруга. Таа скокнала за да го отвори и пронашла книга со наслов „Значењето на соништата“.

Додека мајката и синот ги разгледувале свадбените фотографии, синот рекол: „Дали се омажи за тато затоа што изгледал добро?“
„Па, не баш“, одговорила мајката.
„А дали се омажи со него поради неговите пари?“ прашало детето.
„Дефинитивно не“, се насмеала таа. „Тој немаше пари.“
„Па, сигурно ти било жал за него“, рекло момчето.

„Јас и мојот бивш сопруг имавме многу пријателски развод. Кога напишав статус на Фејсбук дека се разведувам, тој прв ми стави лајк.“

„Забележав дека мојот 60-годишен татко го губи слухот, па ѝ го кажав ова на мојата мајка. Таа ми објасни: ‘Работите се немаат променето многу. Разликата е тоа што претходно тој не слушаше, а сега не може’.“

Еден лекар ја предупредил својата пациентка дека по извршената лекарска процедура, таа не треба да има секс барем 3 дена. „Го слушна ли ова?“ го прашала таа нејзиниот партнер. „3 дена нема секс“. На ова мажот рекол: „Јас слушнав, но тој ти зборуваше тебе“.

Шеги во врска со бракот кои ќе ве насмеат и ќе ви го разубават денот

Колку разведени мажи се потребни за да променат сијалица?
Кому му е гајле? И онака тие не си одат дома.

Зошто омажените жени се подебели од оние кои не се?
Сингл жената оди дома, го отвора фрижидерот, гледа што има и оди во кревет. Омажената жена оди дома, гледа што има во креветот и оди кај фрижидерот.

Откако се развел, еден човек почнал многу да филозофира. „Мислам дека проблемот кај мене и мојата сопруга беше во ѕвездите. Нејзиниот хороскопски знак беше земјен, а мојот воден. Ние заедно правиме кал“, рекол тој.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар