Брачен пар 26 години ја прекрива куќата со цвеќиња
Оваа прекрасна расцутена куќа е тотално прекриена со разнобојни цвеќиња, а е производ од трудот и љубовта на еден британски брачен пар, кој ова го прави веќе 26 години.Ен и Робин Стрејнџ, кои го посветуваат секој нивни слободен час на нивната куќа-градина, велат дека поминале речиси 3 декади откако започнале да го прават ова. Тие, секоја година трошат стотици фунти за семиња и растенија, кои ги одгледуваат во стаклена бавча, а потоа ги изложуваат на куќата, во средината од месец јуни.
65-годишната г-ѓа Стрејнџ вели: „Еден ден бевме во Јорк и ги гледавме убавите висечки кошници со цвеќиња и со маж ми бевме инспирирани да си создадеме свои. Оттогаш, садиме сѐ повеќе и повеќе цвеќиња.
Овој пар живее во Конистон Колд, Северен Јоркшир, Британија, а на нивната цветно дизајнирана куќа секојдневно ѝ се воодушевуваат сите возачи кои случајно поминуваат покрај нивниот колоритен дом.Некоја жена дури секоја година за Божиќ им испраќа и подарок ваучер, за да ја изрази својата почит за овој спектакл.
Г-ѓа Стрејнџ додава: „Луѓето мислат дека куќата изгледа одлично. Добиваме разгледници од луѓе кои никогаш не сме ги сретнале во животот. Страв ми е да помислам колку пари одат на градината, но дефинитивно се исплати. Вреди, бидејќи двајцата сме многу задоволни од она што го создадовме.“
Дури и во далечните 1988 и 1980 година, куќата на овој пар изгледала одлично, а со текот на годините станува сѐ поубава. Среќниот љубовен пар има поставено и систем за наводнување, поради кој тие не мораат да се грижат постојано да ги наводнуваат цвеќињата, бидејќи тоа се прави по автоматски пат.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.