Божиќните трпези ширум светот - Part 4

Божиќните трпези ширум светот

Шведска

Во Шведска свеченостите започнуваат многу порано и тоа со прославувањето на денот на Св. Луција. Традиционално најстарата ќерка во фамилијата, се облекува целосно во бело и носи круна од гранчиња од грмушка со бобинки, служејќи ја својата фамилија со земичка и кафе. Прославувањето продолжува во наредните две недели со кулминација на божиќната вечер, кога вечерата се служи на шведска маса. Шведската маса обично вклучува асортиман од ладна риба и ладни меса, вклучувајќи ја и традиционалната божиќна шунка, како и топли јадења, како што се ќофтиња, колбаси, црвена зелка и карамел-компири. Традиционален десерт е пудинг од ориз (сутлијаш), кој се сервира така што во внатрешноста на една порција е сокриен бадем, а оној кој ќе го пронајде добива подарок. Со вечерата се служи и топло варено вино.

Божиќните трпези ширум светот

Данска

Иако традициите на прославувањето на Божиќ се доста слични како во Шведска, сепак има одредени јадења кои ги одвојуваат традициите во овие две земји. Редовно на Божиќ се служи „Aebleskiver“, дански специјалитет кој по начинот на подготвување и вкусот потсетува на филувана американска палачинка во специјално направено тавче од леано железо, наросена со шеќер во прав. Вечерата се служи ноќта на Божиќ, а трпезата ја сочинуваат печена патка или гуска, најчесто полнета со суво овошје, која се служи со кафеав сос направен од остатокот од сокот од тавата во која се печела птицата. Скандинавските традиционални додатоци како што се црвена зелка, карамел-компири и топло варено вино се секогаш присутни на трпезата, заедно со пудингот од ориз (сутлијашот) направен од остатоците од кашата од ориз која традиционално се приготвува и јаде ноќта пред Божиќ. Исто така, во Данска постои и традиција на божиќен ручек на кој се сервира закиселена риба и сезонско пиво.

Божиќните трпези ширум светот

Романија

Божиќната вечера во Романија се поврзува со свинското месо. Традиционално, во чест на Св. Игнатиј се коле свиња, а месото потоа се употребува за подготвување на трпезата за божиќната вечера. Се служат домашни кисели краставички и повеќе видови колбаси, а со ова се пие ракија. Потоа се сервира сарма со ориз и месо и пивтија. Во руралните средини постои и традиција според која се пече леб во форма на крст и истиот потоа се дели со комшиите и пријателите, симболизирајќи го духот на делењето и давањето. За десерт романците јадат торта со фил од суво грозје и ореви.

Божиќните трпези ширум светот

Мексико

Божиќната вечера во Мексико, како и во многу други земји се разликува од регион во регион. Во крајбрежните делови се служи морска храна, што не е случај во централните делови од државата. Секако, постојат неколку јадења кои се традиција и можете да ги најдете во сите домови за божиќната вечера. Се приготвува божиќна салата од цвекло, ореви, зелена салата и многу видови овошје, која претставува сведоштво за умерените температури на Мексико за време на Божиќните празници. Солен бакалар, риба која е застапена во многу медитерански земји, се приготвува на многу различни начини за големата гозба. Мексиканските традиционални зачинети јадења секогаш се присутни на трпезата, како и главното јадење, печена мисирка полнета со маслинки, мелено месо, јаткасти плодови, овес и јајца. Традиционален десерт е „Bunuelos“ (пржено тесто со цимет).

Божиќните трпези ширум светот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Савица Reply

    Среќа што живимо у Македонију! xD

Остави коментар