Божиќните трпези ширум светот - Part 3

Божиќните трпези ширум светот

Австралија

Бидејќи Божиќ во Австралија се паѓа во најтоплиот период од годината, нивната идеја е на трпезата да имаат „жешка“ храна. Кај нив често се приготвуваат божиќни скари, богати со ракчиња, пилешко, свинско, јагнешко и телешко месо. Некои домаќинства организираат и малку потрадиционални вечери, седејќи на ниско (на турски начин) често под отворено небо. Понекогаш месото, како на пример шунката, се служи ладна поради премногу топлото време. Се служи десертот „Павлова“, односно цулувка исполнета со шлаг и свежо овошје и италијанскиот божиќен колач панетоне (на италијански panettone).

Божиќните трпези ширум светот

Англија

Божиќниот оброк во Англија најчесто се служи рано напладне, а ова е модерна традиција која овозможува оброкот да биде завршен пред преносот на говорот на кралицата во три часот напладне. Традиционалната печена гуска во последно време е заменувана со печена мисирка или пак со печено говедско месо, но сепак останатите додатоци сè уште остануваат непроменети. Сосот од леб, како што кажува самото име, е кремест сос исполнет со поголеми парчиња од постар леб и претставува универзален фаворит кој се наоѓа на секоја трпеза. Јоркширски пудинг и чиполата (колбаси виткани во сланина) исто така се неизоставен дел од божиќниот ручек. Традиционалниот божиќен пудинг се прави со сушено овошје и јаткасти плодови, кои претходно се обаруваат на пареа и се оставаат неколку недели да постојат за да се интензивира нивниот вкус. Пудингот има скоро црна боја и се фламбира пред служење.

Божиќните трпези ширум светот

Италија

Божиќната вечера во Италија е позната како гозбата на седум риби, традиција со потекло од Сицилија, иако повеќе е популарна во САД. Како и да е, традицијата за сервирање на седум риби на божиќната вечер е најпопуларна во северна Италија, каде што постењето е многу значаен обичај. Иако храната на трпезата од место до место варира, сепак во Италија постои некоја општа традиција за божиќната гозба. Главниот оброк најчесто се служи дента на Божиќ и се сервира печено месо, ордевери, тестенини и пенливо вино. Италија е родната земја на Панетоне (на италијански panettone), квасен сладок колач, украсен со суво грозје и зачинет со лимон и кора од портокал. Тој се сече на парчиња и се служи со сладок крем направен од слаткото италијанско сирење маскарпоне и суво овошје.

Божиќните трпези ширум светот

Бразил

Бразил, слично како и САД е мешавина од многу култури, кои доаѓаат до израз токму при прославувањето на Божиќ. Разликите од регион до регион и од домаќинство до домаќинство се огромни, но сепак има неколку заеднички точки. Божиќната вечера се сервира веднаш после полноќната миса во црквата. Мисирката е најчесто главниот дел од оброкот, иако зависно од регионот таа може да се замени со риба или печеното свинско месо. Универзален гарнир секогаш е обоениот ориз, како и овошните салати со бразилски ореви. Десертот може да биде најразличен, од италијанскиот сладок колач Панетоне до чоколадна торта.

Божиќните трпези ширум светот


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Савица Reply

    Среќа што живимо у Македонију! xD

Остави коментар