Божиќни украси од празни тегли

Божиќни украси од празни тегли

Автор: Зорица Тодорова

Ако имате креативна страна и љубов спрема рачните изработки, зошто не си го пружите задоволството сами да си ги направите украсите овој Божиќ? Со нив може да го украсите домот или да им ги дадете на вашите најблиски како Божиќни подароци. Сѐ што ви треба се неколку празни тегли, слободно време и празнично расположение.

01-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk00-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

1. Најпрвин измијте и исушете ги празните тегли, а доколку имаат налепници отстранете ги. На дното ставете зелени листови и гранчиња од растенија по ваш избор, а потоа додадете дланка бобинки кои ќе испливаат на површината откако ќе ја налеете теглата со вода. За крај додадете мала свеќичка.

1-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

2. Шишарките се најочигледниот избор кога станува збор за зимска декорација. Теглите наполнете ги со морска сол која ќе заменува снег, во средината ставете обични бели свеќички, а околу теглите украсете со шишарки и зимзелени гранчиња.

2-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

3. Уште една идеја со шишарки. Едноставно наполнете ги теглите со шишарки а свеќичките ставете ги одозгора.

3-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

4. Прво теглата обојте ја со спреј во бела боја на дното и на врвот, а потоа внатре додадете малку „снег“ и мала елка. Елките во различни големини може да ги најдете во поголемите продавници и дисконти за украси.

4-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

5. За ова и не ви се потребни големи тегли, може да употребите и помали. На средината ставете свеќичка а останатиот дел од дното наполнете го со жерави, ореви или друго јаткасто овошје. Прелесно!

5-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

6. За ваква декорација може да употребите и празни шишиња. Однадвор обвиткајте ги со декоративна лента а во нив ставете свежо сезонско цвеќе и гранчиња. Овие Божиќни украси може да ги поставите на полиците или над каминот.

6-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

7. Зошто да не ги изненадите колегите на работа со една ваква тегличка? Направете домашни колачиња со чоколадо или бадеми, употребете интересен материјал а на лентата закачете картичка со името на секој или некоја лична порака и желба за Новата Година. Сите ќе се израдуваат.

7-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

8. Може да бидете креативни и да употребите буквално сѐ што ви се допаѓа и ќе ви падне на памет. Купете украсни мрежички, ленти и свеќи, наберете гранчиња и плодови, наполнете ја теглата со камења и добивате ваков прекрасен украс.

8-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

9. Толку едноставна, а толку досетлива идеја. Ако очекувате гости, украсете ги скалите или дворот со вакви тегли во кои ќе ставите по една убава, голема свеќа во боја. Веднаш ќе ги развесели сите и ќе го поттикне Божиќниот дух.

9-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

10. Овие слатки облечени теглички кои седат удобно во вашиот дом, криејќи се од зимските студови лесно може да ги направите доколку знаете или имате волја да научите да плетете. Само сплетете ги како обични капчиња за бебиња и облечете“ ги.

10-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар