Божиќни обичаи и верувања: Како се слави највеселиот празник?
Божиќ е највеселиот празник од 15-те големи верски празници и се слави 3 дена. Божиќ се празнува како денот на раѓањето на Исус и се прославува на 7-ми јануари.
Овој ден се поминува дома со семејството, не се оди на гости и не доаѓаат гости. На иконите е претставена пештерата во која се Јосиф и Богородица со новородениот Исус. Покрај нив се наоѓаат овчари кои им се поклонуваат, а над нив има ангели и ѕвезди кои го најавуваат доаѓањето на спасителот.
Вториот ден од Божиќ се нарекува „Божји ден“, но е посветен на Богородица. На овој ден луѓето се дружат и одат на гости и се поздравуваат со „Христос се роди!“ Третиот ден е слава за свети Стефан, ѓакон кој страдал за верата. На иконите се прикажува со неговата ѓаконска облека и со Евангелието на кое се наоѓаат 3 камења, симбол на неговото каменување.
Божиќ е денот кога духот на Исус е спуштен помеѓу луѓето и носи мир. Бидејќи се слави, 3 дена не се чисти подот и не се фрла ништо од куќата. На третиот ден жените ја собираат сламата од Бадник и тивко ја изнесуваат од куќата. Ја ставаат на дрва или на гнездо во кое ќе има малечки. Еден сноп се остава на некое суво месо за да се запали на Ѓурѓовден.
Божиќното утро се обележува уште пред изгрејсонцето со ѕвоната на православните храмови. Наутро се оди на божиќна литургија, а по службата се прима нафора.
Обичаи за божиќен ручек
Според народните обичаи најчесто се јаде прасе кое претставува напредок биде постојано „рине“ и јаде движејќи се нанапред. Тоа е и еден вид жртва за Бог и потекнува уште пред христијанство, а се спомнува и во старите религиски книги. Се верува дека потекнува од времето кога се верувало во повеќе богови, а црквата го прифатила и благословила овој обичај со објаснување дека после божиќниот пост, кој трае 6 недели, добро е да се јаде мрсна и тешка храна.
Од кога се слави Божиќ?
До 4-тиот век Божиќ не се прославувал бидејќи раното христијанство не му придавало значење на телесното раѓање. Празникот и точниот датум се одредени во 325 година со одлука од Никејскиот совет. Како самостоен празник, Божиќ прв пат е прославуван во Рим во 354 година. По стариот јулијански календар Божиќ се славел на 25-ти декември. Промената од 13 дена настанала во 1582 година по реформите на календарот од страна на Грегори XIII.
Поради својата чесност, децата претставуваат пример за возрасните. Црквата нагласува дека со срцето и духот треба да се претворите во дете ако сакате да влезете во Небесното царство. Поради ова децата се наградуваат за Божиќ. Некогаш ги оставале своите чевли покрај прозорецот со надеж дека Божиќ ќе им остави подарок во нив. Овој начин на дарување стана многу комерцијален, па на запад веќе не им се купуваат подароци само на децата, туку и на целото семејство. Подароците ги носи Дедо Мраз кој носи црвена облека со бело крзно.