Божиќни цитати што ќе ви помогнат да го сфатите вистинското значење на празниците
Една од главните работи што ги одликува овие празници е дарувањето подароци која многумина ги направи материјално ориентирани, а целта на празниците е само саканите личности да бидат блиску до вас. Поради тоа, следниот пат кога ќе се пожалите за испразнетата банкарска сметка поради празниците, едноставно повикајте ги вашите пријатели и кажете им колку ви значат. Овие цитати ќе ви помогнат да разберете дека смислата на празниците не е во материјалното.
„Божиќ е сезона кога луѓето остануваат без пари, но не и без пријатели.“
„Мојата идеја за Божиќ, без оглед дали е старомодна или модерна, е многу едноставна: сакајте ги другите. Зошто треба да го чекаме Божиќ за да го направиме тоа?“
„Божиќ прави нешто повеќе за секого.“
„Прекрасната работа за Божиќ е тоа што е задолжителен и сите заедно го празнуваме.“
„Божиќ е значаен и традиционален ден, посебен ден поминат во топлиот круг на семејството и на пријателите.“
„Божиќ е неопходност. Мора да има барем еден ден во годината што ќе нè потсетува дека на овој свет не сме дојдени само за нас, туку и за другите.“
„Божиќ е како лепак, нè зближува сите заедно.“
„Човештвото е огромно семејство. Тоа е докажано со она што го чувствуваме во нашите срца на Божиќ.“
„Божиќ е тоник за нашите души. Нè тера да размислуваме и за другите, а не само за себе.“
„Божиќ е времето кога треба да бидете присутни дома, физички и психички.“
„Верните пријатели кои ни се драги, уште еднаш се во наша близина.“
„Од сите подароци, љубовта е најголемиот подарок.“
„Подароците како време и љубов се основните состојки за среќен Божиќ.“
„Целта на Божиќ не се подароците и храната, туку да бидете таму за другите, да бидете пријател, да сакате некого без разлика дали тој е дел од семејството или не.“
„Божиќ е луѓе, семејство, пријатели.“
Дали знаете зошто црвената и зелената се боите на Божиќ?