Борете се за себе: Секој ден мора да го правите ова, во спротивно времето ќе ве прегази
Постои една стара изрека која ни објаснува зошто е важно секој ден да се бориме за нас и нашиот живот. Таа објаснува дека животот е огромна борба и што побрзо го сфатите тоа, толку побрзо и ќе победите. Погледнете за што станува збор.
Секое утро во Африка се буди една газела. Таа многу добро знае дека денес мора да трча побрзо од која било лавица, бидејќи во спротивно таа ќе ја улови и изеде.
Секое утро во Африка се буди и една лавица. Таа многу добро знае дека денес мора да трча побрзо од која било газела бидејќи во спротивно ќе гладува.
На крајот од краиштата, кога сè ќе се собере и одземе, не е важно дали сте лавица или газела. Важно е кога сонцето ќе изгрее, да излезете и да почнете со трчање.