Бордо – заспаната француска убавица
Бордо е честопати нарекуван Заспана убавица поради тоа што е преубав, но не ужива толкава популарност како Париз или некои други француски градови. Туристите не го земаат често предвид веројатно поради неговата малку оддалечена локација во близина на Атлантскиот брег, но тој има многу да понуди.
Неговиот изглед неверојатно добро се вклопува во она што странците во главата го имаат како стереотип за еден француски град, благодарение на Париз. Општиот впечаток е дека Бордо многу наликува на главниот град, поради што од некои е нарекуван Мал Париз. Прекрасна архитектура, музеи, можности за дегустирање на познатото локално вино, шармантни кафулиња, пространи плоштади, паркови… И Бордо е град на уметноста, полн со знаменитости за кои може да се прашувате какви се тие способни раце кои ги изградиле, но е помал, се живее побавно и е порелаксиран. Тој вибрацијата не ја добива од туристите, туку од огромната студентска популација.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.